-
Македонија 30.04.2015 08:33
АМСМ: Попладне прекин на сообраќајот на патот Кичево - село Извор
На патот Кичево-село Извор за попладне од 15 до 16 часот се најавени градежни работи со минирање поради што сообраќајот ќе биде во прекин од 10 до 15 минути, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија. -
Македонија 30.04.2015 08:07
Пратенички прашања во Собранието
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 46. седница.На седницата ќе бидат поставувани пратенички прашања што е вообичаено за секој последен четврток во месецот. -
Македонија 29.04.2015 17:23
Каракамишева: Најголем демократски пораз за СДСМ
„Неуспешниот референдум во општина Центар им го зададе најголемиот демократски удар на СДСМ и на опозицијата“, вели универзитетската професорка Тања Каракамишева.
-
Македонија 29.04.2015 15:56
Околу 1.500 станари се жалат за одржувањето на зградите
Граѓаните со многубројни забелешки за работењето на 33 друштва што управуваат со колективните станбени згради. Се жалат на високите сметки и на заборавените дефекти. Управителите забележуваат на 30% неплатените сметки и немањето точни податоци за газдите на становите.
-
Македонија 29.04.2015 15:33
Нема договор меѓу средношколците и МОН
Средношколците повторно имаа средба во министерството за образование. Нема договор. Надлежните предложиле уште една година да се полага матура по стариот модел и да се формираат работни групи кои ќе работат на новиот концепт за следната генерација матуранти.
-
Македонија 29.04.2015 14:49
Избрани 14 претседатели на основни судови
Судскиот совет избра претседатели во 14 Основни судови низ Македонија и 22 судии поротници во Основниот суд Скопје 1. Изборот, вели претседателот Бранко Ушковски, бил на транспарентен начин согласно утврдени критериуми.
-
Македонија 29.04.2015 14:34
Метео
Променливото облачно време продолжува и во текот на утрешниот ден, со услови за на места појава на повремени краткотрајни врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет особено во попладневните часови.
Ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.
-
Македонија 29.04.2015 14:13
Караванот „Купи куќа, купи стан“ утре во Прилеп
Утре во Прилеп во рамки на Карванот „Купи куќа, купи стан“, Министерството за финансии заедно со претставници на банките и локални градежни компании ќе одржат презентација на проектот: како да се аплицира за субвенциите, кој може да аплицира и локална понуда на станови и плацеви за куќи.
-
Македонија 29.04.2015 13:49
Домување: Проблеми со сметките и немањето податоци
Главен предизивик во управувањето со станбените згради остануваат проблемите со наплата на сметките, одржувањето на лифтовите и барањата заеднички потрошената струја да се тарифира на секој стан поединечно.
-
Македонија 29.04.2015 13:20
Белград: Регионална соработка против тероризмот
Целта на конференцијата на која што покрај министерката Гордана Јанкуловска учествуваа и министрите и преставници на полициите од регионот- е јакнење на регионалната соработка во борбата против глобалниот тероризам.










