Петмина сириски мигранти се откриени вчера во возило „опел вектра“ управувано од Ф.Д. (28) од село Ваксинце во атарот на село Речица, кумановско.
Меѓу мигрантите имало и едно малолетно лице.
Пратениците во Собранието расправаат за пакет законите од областа на образовниот процес.
Проневерени 145 илјади евра, пари на пациенти, од Институтот за медицина на трудот. Финансиската полиција поднесе кривични пријави против тројца вработени, меѓу кои е и директорот на јавната здравствена установа.
Во охридско-струшкиот регион невремето со снег удри најжестоко и предизвика проблеми во сообраќајот и во снабдувањето со струја.
Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денешниот ден три региони од државата ќе бидат зафатени со пониски температури кои ја дефинираат жолтата, односно предупредувачка фаза, соопшти Министерството за здравство.