-
Македонија 30.10.2014 08:31
Македонски државјани уапсени во Сараево- пренесувале хероин
Македонските државјани Шабан Х. и Индриз Ш. од Гостивар уапсени се со повеќе од еден килограм хероин на меѓународната автобуска станица на ул. „Пут живота“ (Пат на животот) во општина Ново Сараево. -
Македонија 30.10.2014 08:10
Трета фаза од експресниот пат Велес - Штип
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски денеска ќе го означат отпочнувањето со градежни активности на третата фаза од експресниот пат Велес-Штип (до Кадрифаково). -
Македонија 29.10.2014 18:52
МНР ќе ги покрие трошоците за транспорт на телото на Дениса
Телото на 23 - годишната Дениса Марковска кое треба да пристигне најдоцна до понеделник ќе го транспортира грчка погребална компанија а трошоците ги покрива министерството за надворешни.
-
Македонија 29.10.2014 16:43
Кој пукаше во зградата на Владата?!
Два проектила од огнено оружје со голем калибар завршија во владината зграда синоќа околу 22 часот. По детонациите, случајот на полицијата го пријавило лицето кое го обезбедувало објектот. По увидот, проектилите се пронајдени и се вештачат.
-
Македонија 29.10.2014 16:29
Помало загадување и заштеда: Гасифицирана болницата „8-ми Септември“
40 тони сулфур годишно помлаку во воздухот. По Kлиничкиот центар, од денеска на гас почна да работи и Градската општа болница „8 – ми Септември“.
-
Македонија 29.10.2014 16:25
ФЗОМ: Полесен пристап до лекови и финансиско олеснување за пацинтите
Полесен пристап до терапија за заболените на тироидната жлезда. Наместо на Институтот за патофизиологија, 10 илјади осугуреници со потврдена дијагноза, лабораториски испитувања и продолжување на терапијата ќе добиваат кај матичен лекар. На овој начин ќе им се намалат и трошоците и гужвите.
-
Македонија 29.10.2014 16:07
Полицијата и граѓаните заедно: Отворен Центар за превенција во Гази Баба
Старото кино во Маџари од денеска е Центар за превенција. Наместо во полициска станица, жителите на Гази Баба овде ќе можат да добиваат информации, да разменуваат идеи и да даваат предлози со цел населбите во кои живеат да бидат побезбедни.
-
Македонија 29.10.2014 15:56
Почна судскиот процес за двојното убиство кај Зоолошка
По седум години почна судскиот процес за двојното убиство кај Зоолошката градина. Обвинетиот Ѓорги Топаловски рече дека не се сеќава како ги убил Андреј Филип и Новица Благојевиќ кои претходно со тупаници и клоци го истепале.
-
Македонија 29.10.2014 13:11
Нов лек на позитивната листа- олеснување за 20 илјади пациенти
Нов лек за кардиоваскуларни болести на позитивната листа. Дваесетина илјади пациенти ќе бидат ослободени од плаќање. Досега од сопствен џеб, заедно плаќале по 57 милиони денари годишно.
-
Македонија 29.10.2014 12:21
Јанкулоска: МВР утврдува од какво оружје е пукано на Владата и кои се сторителите
Полицијата истражува кои се мотивите за синоќешните пукотници кон зградата на Владата. Првичното вештачење покажува дека куршумите се од оружје со поголем калибар. Два проектили завршиле во јужната фасада. Не е познато дали во моментот на пукањето се оддржувала седница на Влада.










