-
Македонија 04.10.2014 09:44
Муслиманите слават Курбан Бајрам
Верниците од муслиманската веросиповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам.Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз почнува тридневна прослава, во која почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан. -
Македонија 04.10.2014 09:21
Фестивал на органска храна во општина Аеродром
Широка палета производи од органско производство, овчо сирење, месо, компири, маслинки, ореви, бадеми, мед,... ќе понуди традиционалниот 7. Фестивал на органска храна што ќе се одржи денеска во трговскиот центар „Капитол“ во општина Аеродром. -
Македонија 03.10.2014 17:31
Органската храна поблиску до потрошувачите преку специјализирани продавници
Органско сирење, органско месо и друга органска храна од наредната годинaпотрошувачите ќе можат да купат во новите специјализирани продавници за органска храна кои се планира да се отворат со финансиска помош од државата.
-
Македонија 03.10.2014 17:21
Осигурување од природни непогоди- реална потреба!
Поплавите, земјотресите, сушата, климатските промени предизвикуваат се поголеми штети на компаниите, земјоделците и на домаќинствата. Најсвежи се мајските полави кои предизвикаа енормни штети во Централна и Југоисточна Европа.
-
Македонија 03.10.2014 17:10
Атентатот на Глигоров- вечна мисија
Атентатот на првиот претседател Киро Глигоров и по 19 години без епилог. Ни нарачателот, ни извршителот не и се познати на полицијата. Нема нови докази. Се поизвесно е дека неуспешниот обид за ликвидација ќе остане уште една нерасчитена мистерија.
-
Македонија 03.10.2014 16:55
Образование: Со работни групи ќе се разгледуваат синдикалните барања
СОНК и Министерството за образование ќе формираат одделни работни групи што ќе треба да ги разгледаат барањата на Синдикатот. Додека штрајкот е во мирување, на вчерашната средба Aдеми и Неделков ги договориле следниве чекори.
-
Македонија 03.10.2014 16:23
ПССЕ бара Албанија да ги почитува малцинските права
Во однос на заштитата на националните малцинства, иако има глобален напредок во усвоената резолуција му се препорачува на албанскиот парламент да усвои посоодветен механизам за нивното признавање.
-
Македонија 03.10.2014 16:16
Во пожар во Прилеп полесно повредено 14 годишно девојче
Во пожар што изутрината ја зафати семејната куќа на прилепското шестчлено семејство Смугрески им изгоре подрумот и зафати една просторија од куќата.
-
Македонија 03.10.2014 16:14
Институтот за јавно здравје реагира: Идентитетот на луѓето со ХИВ не се открива
Објавувањето на полот, возраста и местотот на живеење на ново заболените од ХИВ, не го открива нивниот идентитет. Институтот за јавно здравје реагира на вчерашните тврдења на невладиниот сектор.
-
Македонија 03.10.2014 15:29
Квалитетот во високото образовани ќе се мери со државен испит
За да се измери квалитетот на високото образование во земјава, Министерството за образование размислува да воведе државен испит.
Ќе се полага два пати, во втора и во четврта година. Ќе бидат опфатени и приватните и државните универзитети.









