Со песна и игра почна новата учебна година. Најсреќни беа првачињата кои за прв пат седнаа во училишните клупи. Иако им годеше вниманието дека се големи и тргнале на училиште, на првиот час ретко кој седеше мирен. Најмалите беа највозбудени.
-
Македонија 01.09.2014 15:13
-
Македонија 01.09.2014 13:52
Учебниците по Кембриџ програмата новина од оваа учебна година
Од годинава се воведува Кембриџ проектот во основните училишта. За почеток, учениците од прво до трето одделение ќе учат од новите учебници по математика и природни науки.
-
Македонија 01.09.2014 13:14
Шир: Канада е силен поддржувач на евроатланските интеграции на Македонија
Канада останува силен поддржувач на македонските евроатлантски интеграции, порача претседателот на Претставничкиот дом на Канадскиот парламент Ендру Шир, при посетата на македонското Собрание.
-
Македонија 01.09.2014 13:08
Газда Нини: Не го познавам Груевски, никогаш не сум разговарал со него на телефон
Јовица Стефановиќ познат како газда Нини сведочење дека не го познава премиерот Груевски и никогаш не разговарал на телефон со него, ниту пак договарале преку посредници поткуп од продажбата на акции во Македонска Банка.
-
Македонија 01.09.2014 12:03
Штајнмајер: Самитот на НАТО без изненадувања за Македонија
Не очекувам изнандувања во однос на приемот на Македонија во Алијансата на претстојниот самит на НАТО, изјави шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмајер, на форум со граѓани во германското МНР, одговарајќи на прашање од „Дојче Веле“.
-
Македонија 01.09.2014 11:49
Реконструирани 15 објекти на средни училишта во Скопје
Со околу 33,5 милиони денари летово се реконструирани вкупно 15 средни училишта на подрачјето на Град Скопје.
-
Македонија 01.09.2014 11:07
Попладне променливо и нестабилно време со врнежи од дожд
Времето во Македонија во попладневните часови ќе биде променливо облачно со појава на локални врнежи од дожд.
-
Македонија 01.09.2014 10:36
Министерот Ивановски на Форум за интернет владеење во Истанбул
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, денеска и утре ќе биде во службена посета во Репубика Турција. Целта на посетата е учеството на 9-от Форум за интернет владеење (ИГФ), кој ќе се одржи во Истанбул во периодот од 2 до 5 септември. -
Македонија 01.09.2014 10:25
Тројца повредени во вооружен напад во Арачиново
Тројца повредени во оружена престрелка во Арачиново што се случила вчера попладне, по 17 часот. Повредените со прострелни рани биле пренесени во Ургентниот центар.
-
Македонија 01.09.2014 10:21
Над 150 мигранти од Сирија пронајдени во товарен воз во Велес
Над 150 мигранти од Сирија синоќа се пронајдени во товарен воз на Македонски железници на станицата во Велес.
Според првичните информации, тие биле скриени во вагони, со кои се превезувал јаглен за кавадаречки „Фени“.









