Вечерва на детската клиника во Скопје се случи помал пожар. Во помошна просторија на третиот кат се запалиле сунѓер и инвалидска количка. Материјалот од кој биле направени предизвикал голем чад и ги алармирал вработените.
-
Македонија 09.07.2014 21:01
-
Македонија 09.07.2014 19:50
Тројца македонци загинаа во тешка сообраќајка во Италија
Тројца македонски државјани загинале во тешка сообраќајна несреќа во Италија. Како што јави италијанскиот весник „Ил Газетино“, несреќата се случила синоќа околу 21 часот кај месноста Романао де Зелито.
-
Македонија 09.07.2014 18:08
ВМРО-ДПМНЕ: Еди Рама не е добро информиран
Албанскиот премиер Еди Рама вчера на конференција во Тирана изјавил дека протестите во Македонија се резултат на, според него, неспроведениот охридски договор. Рама смета дека во државава се нарушени и меѓуетничките односи.
-
Македонија 09.07.2014 17:52
Уништени запленето оружје и дрога
782 парчиња оружје и околу 235 килограми разни видови дрога, хероин ,марихуана, канабис беа уништени во печките на фабриката “Југохром“ во Јагуневце.Ова се заплените од случаи за коишто се донесени правосилни пресуди.
-
Македонија 09.07.2014 17:04
Од петок второ прскање против комарци
Прскањето против комарци ќе се спроведе на локации во општините Дојран, Чешиново-Облешево, Охрид и Ресен, 4 локации утврдени како приоритетни од Министерството за транспорт и врски, во соработка со Министерството за здравство.
-
Македонија 09.07.2014 16:58
Шенах и Волтер утре во Македонија
Опозицијата да се врати во парламентот, ова е клучната порака според шефот на македонската мисија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, Николовски, со која утре доаѓаат првиот човек на набљудувачката мисија Шенах и известителот за Македонија, Волте
-
Македонија 09.07.2014 16:40
Идентификувани уште 10 насилници, полицијата е подготвена да интервенира
Полицијата идентификуваше уште десетмина насилници кои учествуваа во петочните демонстрации. Со тоа бројот на пријавите се искачи на 34. Дел од нив одговараат кривично. Им се заканува затвор до три години, ако во судска постапка се утврди дека сториле насилство.
-
Македонија 09.07.2014 16:32
Поголема заштита на жртвите, поголеми казни за семејните насилници
Се одржа првата јавна дебата за законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, предлог законот поддржан од Обединетите нации.
-
Македонија 09.07.2014 16:26
Ново повеќенаменско игралиште во Драчево
На 1.000 метри квадратни во основното училиште Свети Климент Охридски, младите ќе можат да играат фудбал, кошарка и ракомет. Ова е дел од владината програма за изградба на повеќе спортски терени.
-
Македонија 09.07.2014 16:17
Менаџментот ветува: За четири ипол месеци Макстил ќе престане да загадува
Новата филтер станица во Макстил ќе почне со работа до крајот на годинава – вети менаџментот на компанијата која работи со 30 насто капацитет. Се обврзаа најдоцна за четири ипол месеци да ја монтираат опремата, да престаната да загадуваат до ноември.










