Се одржува Текстилијадата во Штип. Годишна платформа за активизам и граѓански дијалог со акцент на работничките права и социјалната правда.
Известува Славица Величковска.
Се одржува Текстилијадата во Штип. Годишна платформа за активизам и граѓански дијалог со акцент на работничките права и социјалната правда.
Известува Славица Величковска.
Кривичниот суд во целост го одобри обвинението за пожарот во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 62-ца. Ќе им се суди на 37 обвинети кои се товарат за тешки дела против општата сигурност. Името на судијата кој ќе ја води главната расправа ќе биде познато идната недела.
Заменик-министерката за европски прашања, проф. др. Викторија Трајков денеска присуствуваше на регионалниот семинар во организација на UNECE што се одржува во Скопје.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, потпиша Меморандум за соработка со Машинскиот факултет при Универзитетот „Св.
Утрово на Попова Шапка е најстудено, – 4 степени и има најмногу снег, 26 сантиметри.
Како што информира УХМР, висината на снежната покривка е 16 сантиметри во Лазарополе, 12 во Маврови Анови, шест во Ѓуриште и три сантиметри во Дебар.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на регионалниот пат Дебар – Маврово, информира АМСМ.
Продолжува предизборната кампања за локалните избори. Партиските карвани и независните ги претставуваат своите програми во обид да ги добијат гласовите од граѓаните. Но, се заоструваат реториката и меѓусебните обвинувања.
Сообраќајот на регионалниот пат Никфорово - Леуново - Бунец од синоќа, од 23:20 часот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрвја на коловозот. Се интервенира на негово расчистување, соопшти АМСМ.
Српскиот премиер Ѓуро Мацут доаѓа во работна посета на земјава. Во Владата ќе има средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски и со вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ.
Според најавите, денеска треба да биде оценет обвинителниот акт за по