-
Македонија 13.02.2014 18:29
Телеком: 13 милиони евра за нова мрежна технологија
Македонскиот Tелеком ги префрли сите корисници на новата мрежна технологија. Инвестираше 13 милиони евра . -
Македонија 13.02.2014 18:15
За пропуст-отказ поради парцелата кај Народна Банка
Агенцијата за катастар на недвижности информира дека за направениот пропуст во врска со парцела спроти НБРМ беше поведена дисциплинска постапка против петмина државни службеници на кои им изречена дисциплинска мерка – престанок на вработувањето.
-
Македонија 13.02.2014 17:36
Маџир Маало без вода, утре од 9:30 часот
Утре од 09:30 часот ќе има прекин во водоснабувањето за корисниците од Маџир Маало во Општина Центар поради отстранување уличен дефект, соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
-
Македонија 13.02.2014 17:19
Политички контекст на аферата „ПАРКИНГ“
Во огласот се бара фирмата во последните три години да оствари обрт од најмалку 15 милиони денари годишно и да врши паркинг-услуги во најмалку 5 града.
-
Македонија 13.02.2014 16:29
Ховит:Македонците не се граѓани од втор ред
Не знам каква ќе биде иднината на Европската Унија, но, ве уверувам дека нема да сте граѓани од втор ред – известувачот за Македонија во Европарламентот, Ричард Ховит одговараше на прашања на студентите од неколку универзитети во земјава. -
Македонија 13.02.2014 16:22
Протест на вработените во општина Тетово
Платите ни се намалени во просек за околу 5 илјади денари, обвинуваат вработените во општина Тетово кои денеска излегоа на протест. Велат дека им се укинати надоместоците за превоз и за храна, што според нив е противзаконски.
-
Македонија 13.02.2014 16:16
Македонија- прва земја во Европа со мрежа комплетно базирана на Интернет протокол
Македонија е прва земја во Европа со мрежа комплетно базирана на интернет протокол (ИП). Услуги со повисок квалитет и пристап до интернет по нарачка ќе овозможи целосната интеграција на мобилните комуникации со фискната мрежна технологија.
-
Македонија 13.02.2014 15:05
Кражба во Гостивар, кривична за измама во Тетово
Вчера во полициската станица „Галате“, гостиварско, е пријавено дека непознат сторител извршил тешка кражба во куќата на жител, кој е на привремена работа во Италија, при што било украден златен накит во вредност од околу 8 илјади евра.
-
Македонија 13.02.2014 14:59
„Купи куќа, купи стан“ со подобри услови
Стан или куќа отсега ќе можат да купат и оние кои имаат наследство, но не повеќе од една половина од имотот. Ова се најновите измени во проектот „Купи куќа, купи стан“.
-
Македонија 13.02.2014 14:41
Насилник демолирал простории на УЈП во Струга
Денеска во Управата за јавни приходи во Струга, даночен обврзник кој имал неподмирен долг по основ на радиодифузна такса и истиот бил блокиран од страна на УЈП, извршил демолирање на просториите.








