Фабриката се простира на површина од 12.000 метри кавдратни, ќе вработува над 1.400 лица, а во неа компанијата инвестираше 20 милиони евра. „Џонсон Контролс“ во Штип ќе произведува автомобилски седишта и навлаки.
-
Македонија 20.01.2014 12:29
-
Македонија 20.01.2014 12:26
Владата ќе формира Фонд за периодична размена на наставнички кадар со странски земји
Владата подготвува фонд за периодична размена на наставнички кадар со странски земји, со што во претстојниот период ќе покаже силна грижа кон наставниот кадар, најави премиерот Никола Груевски пред претставниците на синдикатите во Домот на АРМ денеска.
-
Македонија 20.01.2014 12:04
Груевски: Се зголемува минималната плата
Кај чувствителните гранки како текстилот и кожартството платата степенасто ќе се зголемува за да ја постигне минималната плата, изјави премиерот Никола Груевски за време на обраќањето пред претставниците на синдикатите во Домот на АРМ денеска.
-
Македонија 20.01.2014 11:59
Поголеми права за работниците
Работниците и синдикатите добија поголеми права со измените на законите во оваа област, истакна премиерот Никола Груевски за време на обраќањето пред претставниците на синдикатите во Домот на АРМ денеска.
-
Македонија 20.01.2014 11:45
440 милиони евра во вториот и третиот пензиски столб!
Пензиските реформи направени од владата имаат ефект. Расте бројот на членови и висината на средства во вториот и третиот столб, изјави премиерот Никола Груевски на денешното обраќање пред претставниците на синдикатите во Домот на АРМ.
-
Македонија 20.01.2014 11:37
Администрацијата со 5% повисока плата
Премиерот на Владата на Македонија, Никола Груевски, за време на денешното обраќање пред претставниците на синдикатите во Домот на АРМ, кое сеуште е во тек, истакна дека јавната администрација ќе добие ново покачување на платата за 5% од септември оваа година.
-
Македонија 20.01.2014 11:17
Почна второто полугодие
По тринеделниот зимски распут околу 280.000 основци и средношколци денеска се враќаат во училишните клупи -
Македонија 20.01.2014 10:33
Eсенските посеви добро се развиваат
На житата им треба и снег што би ги заштитил од евентуални зимски студови.
Овошките и виновата лоза не се во опасност од релативно високите температури за овој период од годината.
За да почнат со предвремениот развој, висока температура треба да има повеќе од две недели.
-
Македонија 20.01.2014 09:36
Груевски ќе се обрати пред синдикатите
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе има обраќање пред претставници на синдикатите.Настанот ќе се одржи во Домот на Армијата на Република Македонија во 10:30 часот. -
Македонија 20.01.2014 08:49
И Македонците од Албанија скокаа по крстот
Во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови низ Албанија каде што живеат Македонци вчера беше прославен православниот празник Водици.








