Премиерот Никола Груевски ги најави новите владини мерки за вкупно околу 7 илјади лица, стечајни работници од 2004 до 2013 година, како и за продолжување на работниот статус на професионалните војници по 45-та година.
-
Македонија 14.01.2014 16:41
-
Македонија 14.01.2014 16:37
Метео
Утре нѐ очекува облачно време со повремени врнежи од дожд, а по котлините со појава на слаба магла.
Ќе дува и слаб до умерен ветер од југо-источен правец.
Врнежите локално ќе продолжат и во ноќните часови кон четврток.
За подетални информации...
-
Македонија 14.01.2014 16:34
Страчинарски средби за Василица
Традиционално, на Свети Василиј, необичните суштества со страшни маски од изутрина тропаат со ѕвонците бркајќи го злото. Собираат колбаси и пченкарно брашно, од кое се гоштеваат гостите на традиционалните страчинарски игри. Мисијата на страчинарите е хумана, собираат за најсиромашните.
-
Македонија 14.01.2014 16:22
Уапсен Лирим Јакупи - Нацист
По меѓународна потерница за издржување на 30 годишна затворска казна во Македонија денеска на Косово е уапсен Лирим Јакупи, познат како Нацист. Јакупи бил ослободен од затворот Дубрава, кадешто издржувал затворска казна за кривично дело сторено на Косово.
-
Македонија 14.01.2014 16:08
Обраќање на премиерот Никола Груевски
Прес-конференција на претседателот на Владата Никола Груевски, на МРТ Прв програмски сервис во 16:00ч.
-
Македонија 14.01.2014 14:19
Се укинува РСЕ на македонски јазик
Конгресот на Соединетите Американски Држави го укинува сервисот на Радио Слободна Европа на македонски јазик поради подобрената политичка состојба во државата.
-
Македонија 14.01.2014 14:08
Само 25 македонски баратели на азил во Данска
Бројот на баратели на азил кои престојуваат во центрите во Данска е драстично опаднат, пишува во вчерашното издание весникот Политикен.
-
Македонија 14.01.2014 14:01
Почина маж во холот на МРТ
Според првичните и неофицијални информации, лицето починало од срцев удар. Итната помош интервенирала, но не успеала да го реанимира. Форензичарите од МВР не дозволуваат снимање на телото и упатуваат на информации кај јавниот обвинител.
-
Македонија 14.01.2014 13:02
Грк во игра за нов Еврокомесар за проширување¬?!
Во интервју за германски Дојче Веле екс-шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас ниту потврди, ниту демантираше дали тој ќе биде новиот еврокомесар за проширување. Друцас, којшто дипломирал право во Виена, кадешто и живеел, кусо коментирал:
-
Македонија 14.01.2014 12:29
Протест пред Скопската Епархија
Денеска пред скопската епархија протестираа жители на Сопиште. Како што велат, без нивно знаење е продадено црковно земјиште на фабриката „ Титан Цементарница“. Жителите бараат средба со првите луѓе на епархијата за да се испочитува договореното, од парите добиени за денационализација да се изг







