69 години буден информатор за настаните. 69 години магнет за слушателите и 49 години за гледачите. Македонската радио-телевизија пред седумдеценискиот јубилеј без ниту ден починка.
-
Македонија 27.12.2013 19:29
-
Македонија 27.12.2013 17:53
3.1 милион денари за воведувањето на Халал стандардот во десет компании
Бизнисмените кои што сакаат да го зголемат извозот и да бидат присутни на трети пазари каде што услов е ХАЛАЛ стандардот, прво ке треба да ја соберат потребната документација. Следен чекот е да се јават на огласот кој почнува на 27 јануари идната година.
-
Македонија 27.12.2013 15:51
Македонија и Србија - заеднички контакт-центар
Утре, министерката за внатершни работи на Република Македонија Гордана Јанкулоска и премиерот и министер за внатрешни работи на Република Србија Ивица Дачиќ, ќе присуствуваат на отворањето на заедничкиот контакт-центар на граничниот премин Табановце.
-
Македонија 27.12.2013 14:48
На Блаце се зголеми пропусната моќ
Со реконструкцијата на граничниот премин Блаце се надмина тесното грло во протокот на сообраќај и размената на стоки и услуги. Во текот на годинава, овој граничен премин во двата правца го минале скоро два милиона луѓе .
-
Македонија 27.12.2013 14:35
Од штала во прилепско украдени 1,2 тони тутун
Еден тон и двесте килограми тутун се украдени на Прилепчанец ноќта меѓу 25 и 26 декември. Четириесет годишниот тутунар Мите Димоски констатирал дека му го нема родот од шталата во месноста Ѓумушица кај Прилеп кога изутрината дошол и видел дека се скршени катанците.
-
Македонија 27.12.2013 14:09
Нов закон за спречување и заштита од семејно насилство
Построги казни за насилниците во семејството, преместување на сторителот од домот, а не на жртвите како досега, се дел од мерките што треба да ги содржи новиот Закон за спречување и заштита од семејно насислтво.
-
Македонија 27.12.2013 12:10
Реконструкција на пазарот во Битола
Заврши првата фаза од реконструкцијата на градскиот пазар. Централниот дел на Битолската чаршија доби современ покриен простор во кој се сместени 90 модерни тезги. Двојното зголемување на тезгите е резултат на планското икористување на просторот.
-
Македонија 27.12.2013 12:01
Oсветлување на влезот во Тетово
Безбедноста во сообраќајот значително ќе се подобри со осветлувањето на клучките за влез во градовите. Во овој период се работи на повеќе локации. Од Јавното претпијатие за државни патишта најавуваат амбициозна програма и за следната година.
-
Македонија 26.12.2013 17:30
Протести за струја
И градоначалникот на Чаир остана без струја откако неколкумина насилно влегле во трафостаница за да ја пуштат. Наместо тоа ги исклучиле и нивните соседи.
-
Македонија 26.12.2013 17:07
Превентивни прегледи за рано откривање на болести на срце, бубрези и дијабетес
Еден милион и двесте илјади граѓани во наредните две години ќе бидат повикани од матичните лекари на превентивни прегледи. Целта е рано откривање на кардиоваскуларните заболувања, бубрежните и дијабетесот. Во прегледите е опфатено испитување на крв и урина, ЕКГ и мерење на тежината.





