Предметот за платеното убиство во Ореше ќе се суди во Велес, така одлучи скопска Апелација.
-
Македонија 18.12.2013 12:05
-
Македонија 18.12.2013 11:50
Одново преседан за Македонија
Грчкиот став за Македонија посилен од Европската Унија. И по петти пат европските министри направија преседан, не ја почитуваат препораката на Европската Комисија. Еврокомесарот за проширување Штефан Фуле е загрижен поради ваквиот развој на настаните.
-
Македонија 18.12.2013 10:01
Нов закон за ѓубрива
Трговијата и нивното користење се усогласуваат со европските регулативи, и се менува практикатa на несоодветен третман на арското ѓубриво.
Внимателно со арското ѓубриво.
Каде и како ќе се складира и користи ќе биде прецизно одредено.
-
Македонија 18.12.2013 08:52
Запленети 100 килограми марихуана
Уапсени се четири лица осомничени за шверцување дрога, наменетa за западно-европските пазари. Запленети се и над 100 килограми марихуана .Ова е резултат на вчерашната акција на полицијата во Велес каде што се приведени три лица, како и едно во Скопје.
-
Македонија 17.12.2013 22:24
Дрвокрадците пустошат во прилепско
Дрвокрадците прават вистински пустош во прилепско. Без страв од никого, на сред бел ден, одат во групи по 20-тина луѓе и бесправно се сечат илјадници кубици на дрва.
-
Македонија 17.12.2013 22:17
Нема наследници во занаетчиството
Сахип Русеми е лимар веќе 45 години. Вели дека толку време со својот занает го храни осумчленото семејство. Но сега, иако е полесно да се работи поради техниката, нема кој да го наследи. „ Младиве не сакаат никако, 5 години ни еден не дојде да ми рече да работи како чирак “ изјави Русеми.
-
Македонија 17.12.2013 21:24
Многудетно семејство во скопски Припор
Малиот Дамјан има само пет години ,тој е единаесетото дете на семејството Китановски од скопски Припор . Пакетче за Нова Година е неговата единствена и најголема желба, но неговите потреби сепак се многу поголеми.
-
Македонија 17.12.2013 20:56
ДИК и ОБСЕ за избирачкиот список
Државната изборна комисија е надлежна за водење на регистарот на избирачи, од каде се вади избирачкиот список, но, нема доволно ресурси за тоа без надворешна подршка. Со ваква проценка излезе ОБСЕ/ОДИХР во извештајот по направената сондажа во септември.
-
Македонија 17.12.2013 20:49
Еко-инспекторите во акција
МТВ со еко-инспекторите кои тргнаа во лов на загадувачите. Вонредна инспекција во Цементарницата Усје, капацитетот кој ја поседува потребната А-дозвола за усогласување со оперативниот план. Се проверува примената. Не пречекаа менаџерите. Главниот инспектор им соопшти што се бара од нив.
-
Македонија 17.12.2013 17:03
„Кутлеш“ проблем за кипарска европратеничка
Кипарската европратеничка Антигони Пападопулос во пратеничко прашање до Европската Комисија, ја обвинува Македонија за кршење на Времената спогодба, користејќи ги исклучиво изјавите на Ивон Величковски од Либерална Партија, неодамна изнесени од собраниската говорница.




