Четири физички и едно правно лице се сомничат за загрозување на животната средина со отпад во врска со пожарот во Трубарево. Судот на првоосомничениот му изрече мерка притвор од 30 дена, а на преостанатите тројца, куќен притвор.
-
Македонија 19.09.2025 13:21
-
Македонија 19.09.2025 13:17
Мицкоски и Муртезани за реформската агенда
Во Клубот на пратеници, брифинг на премиерот Мицкоски за реформската агенда. Премиерот ги објасни сите предизвиците кои ни престојат во наредниот период.
Марина Стојанова-Тонева известува.
-
Македонија 19.09.2025 13:17
Полициска акција против „шумската мафија“
Вработени во „Македонски шуми“, полицајци, бизнисмени се уапсени во голема акција на МВР поврзана со нелегална сеча на дрвја во источниот дел на земјата. Според првичните информации, дрвната маса, преку коруптивни врски се продавала како легална. -
Македонија 19.09.2025 12:36
Алиу: Пола од досиејата се разгледани
Уште еден до два состанока ќе бидат доволни за Интерната комисија да ја информира јавноста дали неосновано се правеле кардиохируршки интервенции во приватните болници за пари. Половина од осумте досиеја се веќе разгледани.
-
Македонија 19.09.2025 12:25
Минчев ќе ја рационализира јавната администрација за 40 отсто
За приближување кон ЕУ е потребно за 40 проценти да се намалат буџетските корисници – министерот Минчев очекува тоа да се постигне преку кратења на управните и надзорниот одбори, усогласување на бројот на членови и спојување на институции.
-
Македонија 19.09.2025 11:22
Министерството за јавна администрација и Амбасадата на Франција со заеднички проект за јакнење на капацитетите и професионализација
Министерството за јавна администрација и Амбасадата на Република Франција денес потпишаа Меморандум за соработка, со што започнува нов стратешки проект насочен кон модернизација на институциите и градење професионална, ефикасна и доверлива јавна администрација.
-
Македонија 19.09.2025 11:19
Сквернавење на гробот на Стале Попов и Бранка Поповска во Бутел, четворица се осомничени, побаран е и притвор
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица кои се осомничени дека во соизвршителство сториле кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка , како и – Сквернавење гроб согласно член 400 став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 19.09.2025 10:52
Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, приведена турска државјанка со престој во земјата
Вчера во 12:45 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишија од слобода А.Б.(19) од Република Турција затоа што кај неа се пронајдени и одземени таблети и предмет со остатоци од марихуана.
-
Македонија 19.09.2025 10:27
Алиу: На Клиниката за неврохирургија воведена интраоперативна флуоресцентна видеоангиографија при хируршки третман на мозочни аневризми
На Универзитетска клиника за неврохирургија беше извршена комплексна микрохируршка интервенција кај 57-годишен пациент со руптурирана аневризма на мозочен крвен сад.
-
Македонија 19.09.2025 10:12
Продолжува судењето за „Онкологија 2“
Со сослушување сведоци денеска во Кривичниот суд продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ кој се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал.










