По повод „18 Октомври Европскиот ден на борба против трговија со луѓе во Музејот на македонската борба ќе се одржи проекција на краткиот пантомима филм „Blindness Uncovered“.
Покрај промоцијата на филмот, ќе се одржи и дискусија посветена на трговијата со луѓе.
Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Грција Евангелос Венизелос денеска во Атина ќе се сретне со шефот на бугарската дипломатија Крстијан Вигенин, јави дописникот на МИА од Грција.
Во рамки на воената вежба „Македонски Блесок-9” на Армискиот полигон (АП) „Криволак“ и во Центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“ денеска ќе биде одржан „Ден за високи гости“.
Во село Кадино во Општина Илинден денеска свечено ќе биде отворена фабрика за производство на работна и заштитна облека „ВПТЕКС Македонија“ на холандската фирма Van Puijenbroek Textiel.
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска ќе ги посети општините Лозово и Штип.
Во рамките на посетата на општина Лозово, Јанакиески ќе присуствува на пуштањето во употреба на патот што ги поврзува магистралниот пат М - 5 со селото Каратманово.
Министерството за економија денеска ќе ги прогласи најдобрите четири бизнис планови во рамки на проектот „Организирање натпревар за започнување бизнис“, чија цел е поттикнување на претприемничкиот дух меѓу младите, преку подготовка на студентите и младите претприемачи за отворање сопствен бизн