Оние кои сакаат да станат градоначалник или советник во советите на општините, треба да побрзаат. На полноќ истекува рокот за поднесување кандидатури за локалните избори, закажани за 19-ти октомври.
Известува Миле А. Ристески
Оние кои сакаат да станат градоначалник или советник во советите на општините, треба да побрзаат. На полноќ истекува рокот за поднесување кандидатури за локалните избори, закажани за 19-ти октомври.
Известува Миле А. Ристески
Стравотен пожар во фабрика за електронски отпад во Трубарево. Противпожарните екипи со часови се борат со огната стихија. Се гасне и со авион и со хеликоптери. Буквално од сите делови на метрополата се гледа големиот црн чад.
Загадувањето на воздухот предизвикано од „Дрисла“ го чувствува цело Скопје, но најкритично е во село Батинци, кое е во непосредна близина на депонијата.
И зима и лето – загадувањето го загрозува здравјето на луѓето. Освен респираторниот систем, ги напаѓа сите органи, алармираат лекарите. Најчестите симптоми на кои се жалат граѓаните се интензивна кашлица, малаксаност, болки во градите.
На 12.09.2025 во 22:19 часот на магистрален пат А2 во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишија од слобода М.П.(40) од Куманово.
Фабрика за преработка на отпад во село Трубарево, општина Гази Баба, е зафатена од голем пожар. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека станува збор за сериозен и тежок пожар за гаснење поради материјалите што горат, а се слушаат и детонации.
На залезот на туристичката сезона, првите оценки покажуваат дека Охридското Езеро испраќа уште едно успешно лето.
Наставници по физика, математика, физичко образование недостигаат во Куманово. Од Агенцијата за вработување апелираат младите да ги изучуваат овие дејности. Појаснуваат врз основа на анализи и потребата на пазарот, се прават квалификации и доквалификации. Миграцијата си го прави своето.
На струмичките ниви лотарија е да се види млад земјоделец-вака коментира Драги Памуков од Куклиш. Според него, тоа е и клучниот проблем што се намалува производството на зеленчук во струмичкиот регион.
На 12.09.2025 во 21:30 и во 23:15 часот во Дебар, полициски службеници од Полициската станица Дебар ги лишија од слобода М.Ф.(41) и А.Р.(38), двајцата од Дебар. Тие се сомничат дека заедно со уште едно лице околу 19:30 часот предизвикале пожар на стрниште во Градскиот парк во Дебар.