Август го следи јули. Нов топлотен бран од Африка повторно во Македонија со температури до 39 степени. Надлежните велат дека од денеска до 13-ти август треба да се почитуваат препораките за заштита на здравјето.
Известува Андријана Ѓурческа.
Август го следи јули. Нов топлотен бран од Африка повторно во Македонија со температури до 39 степени. Надлежните велат дека од денеска до 13-ти август треба да се почитуваат препораките за заштита на здравјето.
Известува Андријана Ѓурческа.
Штипјанец синоќа ја убил мајка си во домот. Според последните информации, лицето било во алкохолизирана состојба, а сè уште не е јасен мотивот за убиството.
Полициски службеници и јавен обвинител излегоа на местото на настанот и се изврши увид.
75-годишна македонска државјанка вчера попладне се удавила на Халикидики. Нејзиното тело било извлечено на плажата Созополи во општина Неа Пропонтида, во близина на првиот крак.
На 07.08.2025 во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода З.Н.(41) од Охрид, кој се сомничи дека во атар на селото Горно Лакочереј, охридско, предизвикал пожар на поле со нискостеблеста вегетација и ожнеана нива.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени целзиусови.
Здружението на граѓани „16-ти март 2025“ од Кочани го најави одржувањето на 17-от „Марш на ангелите“, кој ќе се одржи утре, 9-ти август, со почеток во 18 часот и 5 минути.
Во спомен на десетте прилепски бранители припадници на македонската Армија кои во 2001 година ги загубија своите животи кај месноста Карпалак, денеска делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата ќе положат венец со свежо цвеќе на спомен-плочата на бранителите и во родниот
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица, осомничени дека заедно извршиле кривично дело – Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Министерството за образование и наука потпиша договори за финансирање на 40 научно-истражувачки проекти со државни факултети, научни институти и МАНУ.
СВР Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје по итна постапка против државјанин на Германија за кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ од член 319 од Кривичниот законик.