Топлотен бран, температури над 40-тиот степен. Екстремно зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош, најчести се колапсите во автобуси.
-
Македонија 23.07.2025 13:26
-
Македонија 23.07.2025 11:30
Претседателот на Собранието синоќа примен во болница
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, доцна синоќа бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Според болнички извори, Гаши бил примен со болки, но без крвавење и други посериозни симптоми.
-
Македонија 23.07.2025 10:45
МВР: Предупредување за измама на социјалните мрежи
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во последните денови актуелна е лажна објава на социјалните мрежи во која се тврди дека некои малопродажни компании за техника наводно нудат модерни телефонски уреди преку „внатрешна програма“ поради оштетена амбалажа.
-
Македонија 23.07.2025 09:38
Спречен обид за подметнување пожар
Шумочуварите на Осоговските планини, во месноста Алтн Врв, спречиле обид за подметнување пожар, на тешко пристапен дел, објави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
-
Македонија 23.07.2025 09:17
Зголемена фреквенција на граничните премини
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На Граничниот премин Табановце за влез и на граничниот премин Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу 30-40 минути.
-
Македонија 23.07.2025 08:46
ЦУК: Изгаснати се вкупно 29 пожари на отворено, пет се активни
До 7:30 часот утринава на територија на државата се регистрирани вкупно 37 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив пет се активни, три под контрола, а изгаснати се вкупно 29 пожари.
-
Македонија 23.07.2025 08:36
Многу топло со температури над 40 степени
Топлото време со високи температури кои наместа ќе надминуваат 40 степени продолжува и денеска. Синоптичарите најавуваат промена на времето во недела кога се очекува пороен дожд и гржеми и опаѓање на дневната температура.
-
Македонија 23.07.2025 08:31
Министерот Муцунски во работна посета на Атина
Mинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во работна посета на Атина. Ќе оствари средба со неговиот хомолог, министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Гераптеритис.
-
Македонија 22.07.2025 19:41
Министерот Алиу оствари средба со директорката на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи
Министерот за здравство, Азир Алиу денес имаше работна средба со директорката на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи, Билјана Димитрова, и со претставници од Агенцијата.
-
Македонија 22.07.2025 17:38
Владата со препорака за работодавачите поради високите температури
Владата ја усвои информацијата и издаде препораки до работодавачите кои важат од 23.07 до 26.07, со кои се препорачува ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години, како и овозможување работа од далечина, флексибилно и двократно работно време каде што е изводливо, о










