Многу работа, па самечки живот во тесна соба, вакво било искуството на битолчанката Дијана Петанчевска која неколку сезони си ја пробувала среќата готвејќи крај море во хрватскиот град Пула. И покрај предизвиците, таа се врати во родниот град.
-
Македонија 12.07.2025 19:16
-
Македонија 12.07.2025 17:57
Заврши реконструкцијата на музејот на вода
Реконструиран комплексот Залив на коските. Со 15 милиони денари комплетно заврши реставрацијата на најпосетуваниот музеј во земјава, наколната населба во Градиште. Се изврши санација на платформата и 24 – те праисториски куќички распослани врз Охридското езеро.
-
Македонија 12.07.2025 17:30
На ГП Богородица денеска нема метеж
Повеќе патници за влез отколку за излез од државата. Ваква беше сликата денеска на ГП Богородица на македонско грчката граница. Во последните 24 часа, границата преку овој премин ја преминале 24.425 патници. Таму е подигната и дополнителна кабина за две ленти за излез од Македонија
-
Македонија 12.07.2025 16:48
Арсовска доби 24-часовно полициско обезбедување
Бурни реакции во јавноста откако Данела Арсовска физички била нападната во Чаир, при увидот на дивоградба. Министерството за внатрешни работи по направените проценки, на градоначалничката на Скопје и определи 24 часовно обезбедување
-
Македонија 12.07.2025 15:26
Куманово започна проект за селекција на текстилен отпад
Текстилниот отпад е еден од поголемите предизвикувачи на пожари, коишто ги зафаќаат депониите. Поради тоа но и за да се придонесе кон заштита на животната средина, Куманово доби специјализирани контејнери за собирање на ваков отпад.
-
Македонија 12.07.2025 14:01
Мицкоски со најголем рејтинг меѓу политичарите, ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство меѓу партиите
Христијан Мицкоски има најголема доверба кај граѓаните. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер е со рејтинг од речиси 27 проценти. Претседателот на најголемата опозициска партија, Венко Филипче има доверба од 4,7 насто од испитаниците.
-
Македонија 12.07.2025 12:58
Активни три пожари, пет се под контрола
Македонија е сè уште под закана на пожарите, гори во Дојран, Велес и Македонски Брод, а под контрола се пет меѓу кои и оние од подрачјето на главниот град. Премиерот со тврдење дека има индиции и основани сомневања за намерно организирани активности.
-
Македонија 12.07.2025 12:30
На државен трошок ќе се прават шест ин витро оплодувања, скратено и времето за одлучување
Наместо досегашните три, ин витро пациентите во иднина ќе добиваат шест бесплатни обиди за да зачнат потомство. Ова го предвидуваат усвоените измени на Законот за здравствено осигурување.
-
Македонија 12.07.2025 12:18
Во Кочани комеморативен настан посветен на загинатите од пожарот во дискотеката Пулс
Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани се одржува комеморативен настан во организација на Општината, со наслов „Во сеќавање - посветено на загинатите од пожарот во дискотеката Пулс“.
-
Македонија 12.07.2025 10:00
Во изминатото деноноќие регистрирани 38 пожари на отворено, три сè уште активни
Центарот за управување со кризи информира дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се евидентирани вкупно 38 пожари на отворен простор. Од нив, три се сè уште активни, пет се ставени под контрола, а триесет се целосно изгаснати.










