Во изминатите 12 месеци, подготвени и доставени до владата 22 системски закони, од кои 13 се директно предвидени со реформската агенда. Министерот Филков тврди дека од осумте закони во реформската агенда со рок до јуни 2025, седум се веќе испратени во владина процедура.
-
Македонија 07.07.2025 18:03
-
Македонија 07.07.2025 17:20
Гаши: Локалните избори ќе се распишат во август
Собранискиот спикер Африм Гаши вели дека во првата половина од август ќе бидат распишани локалните избори за октомври. Ќе бидат запазени сите рокови како што налага законот потенцира првиот парламентарец.
-
Македонија 07.07.2025 17:00
Прва жртва од пожарите, пронајдено тело во Ѓорче Петров
Изгорено човечко тело пронајдено во помошна просторија по пожарот што избувна кај мостот на реката Лепенец, во близина на Железничката станица во Ѓорче Петров, информира Министерството за внатрешни работи. Пожарот прво зафатил сува трева, но потоа се проширил и на помошни објекти и штали.
-
Македонија 07.07.2025 16:00
400 невработени ќе гаснат пожари
Државата се мобилизира во борбата со пожарите. Преку оперативниот план ќе се ангажираат 400 невработени лица во 14 територијални противпожарни единици. Ќе добиваат по 24 илјади денари месечно, со можност за трајно вработување.
-
Македонија 07.07.2025 14:17
Лишени од слобода возачи во Битола и Македонски Брод, возеле под дејство на алкохол
Вчера во 17.39 часот на ул. „Македонски гемиџии“ во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Х.Р.(32) од Битола, информираат од МВР.
-
Македонија 07.07.2025 13:24
Властите ветуваат јавна администрација во служба на граѓаните
Јавната администрација не треба да биде заложник на нефункционален систем. Tаа мора да биде во служба на граѓаните. Покрај воведувањето модернизиран, софтверски систем, фокус и на помал, но ефикасен јавен сектор.Ирина Гелевска известува -
Македонија 07.07.2025 12:49
Пожарот меѓу селата Блаце и Чучер не стивнува, екипите се борат со стихијата на тешко пристапен терен
Со „Ер-трактор“, три хеликоптери, со употреба на пренаменетите воени и полициски возила се интервенира на големиот пожар кај Блаце и Чучер Сандево. Се прошири на два крака, од кој едниот на непристапен ридско-планински терен.
-
Македонија 07.07.2025 12:21
Во Скопје за еден ден потрошени 140 олимписки базени вода
Водоснабдувањето во Скопје е на работ на колапс. Во само еден ден, скопјани потрошиле над 350 милиони литри вода – еквивалент на 140 олимписки базени.
-
Македонија 07.07.2025 11:46
Муртезани во Париз на средба со министерот дилигиран за Европа, Бенжамен Хадад
Министерот за европски прашања на Северна Македонија, Орхан Муртезани, денеска во Париз, со средба со министерот делегиран за Европа во Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, Бенжамен Хадад, ја започна својата работна посета на Француската Република.
-
Македонија 07.07.2025 11:45
Лишени од слобода криминалци барани со потерници за затворски казни
На 05.07.2025 полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Р. (31) од Куманово. Тој бил баран по централна потерница, врз основа на судска наредба за доиздржување затворска казна од три години и 10 месеци, за сторени кривични дела по член 236 од Кривичниот законик.










