МРТ
Повик за аудиција на вокален интерпретатор за Јуниорски Евросонг 2023
26.04.2023 12:12
Учесниците на аудицијата ќе исполнат две композиции по сопствен избор на инструментална матрица.

Maкедонската Радио Телевизија објавува Повик за аудиција на вокален интерпретатор за Јуниорски Евросонг 2023, кој оваа година се одржува во Ница, Франција.
Пријавените кандидати треба да се на возраст помеѓу 9 и 14 години на денот на финалната манифестација, 26-ти ноември 2023 година.
Кандидатите, апликациите ги поднесуваат на електронската адреса: [email protected].
Учесниците на аудицијата ќе исполнат две композиции по сопствен избор на инструментална матрица.
Аудицијата ќе се одржи на 11 мај (четврток) со почеток од 10.00 часот во студијата на МРТ.
Повеќе за повикот и правилата за учество на следниот ЛИНК.
