Ракомет

Блог вести

  • Ракомет 18.01.2014 19:02

    Без тактика и елан нема успех

    Речиси без одбрана,  Македонија беше поразена од Унгарија со 25:31 во втората рунда на Европското првенство во Данска. Играта на нашите ракометари беше бескрвна и во двете полувремиња.

  • Ракомет 17.01.2014 15:30

    Прибак подготвен и мотивиран !

    Македонската ракометна репрезентација во вториот круг од натпреварите на Европското Првенство ќе биде посилна за Немања Прибак. Конечно изминаа трите години од последниот репрезентативен настап на Прибак во дресот на српската репрезентација, па сега нема пречки да настапи во македонскиот.

  • Ракомет 17.01.2014 15:29

    Унгарија, Исланд, па Шпанија

    По исполнетата цел, зачинета со пренесени два бода во М1 групата, доополнителен позитивен елемент за македонските ракометари е тоа што не менуваат град. Нашите репрезентативци остануваат во Хернинг кадешто ќе ги одиграат новите три дуели.

  • Ракомет 17.01.2014 14:59

    Интересна завршница во Групите Ц и Д

    Иако веќе се познати три од шесте репрезентации што се пласираа во втората фаза, сепак последното коло во Групите Ц и Д ќе донесе многу возбудувања, не само околу преостанатите селекции што ќе продолжат натаму, туку и поради бодовите што ќе бидат пренесени.

  • Ракомет 16.01.2014 20:19

    Прва победа, втор круг!

    Ветија и исполнија.

  • Ракомет 15.01.2014 18:29

    Самоувереност, зашто да не

    На прашањето дали е реално сценариото македонската ракометна репрезентација и со пораз од Австрија да ги продолжи настапите на европското првенство во Данска нашиот репрезентативец Бранислав Ангеловски одговара со прашање: „ А зашто да чекаме други да ни ја реш

  • Ракомет 15.01.2014 16:10

    Без Стојчевски до крај

    На вчерашниот натпревар против Чешка нашиот ракометар Никола Стојчевски ја обнови повредата на препоните и според докторот на репрезентацијата ќе мора да одмара најмалку 10-тина денови или до крајот на европското првенство.

  • Ракомет 15.01.2014 16:07

    Ништо не е изгубено

    Со победа над Чешка ке бевме сигурни, но и бодот по ремито 24-24 најверојатно ке биде доволен за пласман на македонската ракометна репрезентација меѓу најдобрите 12-ет на европскиот шампионат.

  • Ракомет 15.01.2014 13:36

    Начевски и Николов ќе судат Шведска-Белорусија

    На четвртиот натпреварувачки ден на ЕП во Данска, својот прв „настап“ ќе го има и најдобрата македонска судиска двојка Ѓорѓи Начевски / Славе Николов. Тие се делегирани да го водат натпреварот меѓу Шведска и Белорусија од 2.коло во групата Д во Копенхаген.

  • Ракомет 14.01.2014 20:20

    Реми со Чешка!

    Македонските ракометари одиграа нерешено со Чешка 24-24 во второто коло на Европското првенство во Данска. Бодот е голем затоа што ги отвора портите кон втората фаза од шампионатот.

Pages