Македонската женска ракометна репрезентација обезбеди пласман на Европското првенство (ЕП) кое ќе се одржи во декември, откако вчера го совлада Азербејџан во Баку со 37-22 (19-12) во претпоследниот натпревар во квалификациската група 5.
Ракомет
Блог вести
-
Ракомет 04.04.2024 09:28
-
Ракомет 03.04.2024 10:00
Хансен ја завршува кариерата
По 15 години, познатиот дански ракометар Микел Хансен, кој неколку пати беше прогласуван за најдобар играч кој некогаш стапнал на теренот, на крајот од сезоната ќе ја заврши кариерата.
-
Ракомет 24.03.2024 19:22
Ракометарите на Вардар ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија
Ракометарите на Вардар очекувано се најдоа меѓу четирите екипи кои ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија, откако вечерва лесно и убедливо го совладаа Голден Арт (32-23) во финалето на четврт-финалната група што се играше во „Јане Сандански“.
-
Ракомет 14.03.2024 21:02
Никола Митревски се враќа во Еурофарм Пелистер
По четири сезони во првакот на Португалија, Порто, Митревски ќе застане на голот на Еурофарм Пелистер.
-
Ракомет 12.03.2024 09:46
Македонските ракометари ги почнаа подготовките за дуелите со Романија
Македонската машка ракометна репрезентација вчера ги почна мини подготовките за двата дуели против Романија на гостински терен во рамки на ЕХФ неделата.
-
Ракомет 02.03.2024 13:47
Македонските ракометарки отпатуваа на реваншот во Шпанија
Македонската женска ракометна репрезентација претпладнево отпатува за Шпанија каде утре во градот Ланзароте го игра четвртиот натпревар во рамки на квалификациската група 5 за пласман на Европското првенство.
-
Ракомет 21.02.2024 13:58
Ракометната репрезентација на Македонија 19-та на најновата ЕХФ ранг-листа
Македонската ракометна репрезентација се најде на 19-то место на најновата ранг-листа на Европската ракометна федерација објавена денес. „Црвено-жолтите“ сега имаат 98 бода.
Водечка на листата е Данска со 432 бода, пред Франција со 424 и Шведска со 408.
-
Ракомет 28.01.2024 20:17
Франција е новиот Европски шампион
Ракометната репрезентација на Франција е новиот европски првак откако во драматично финале успеа да го совлада светскиот првак Данска со 33-31, во завршницата што беше решена со две продолженија од по пет минути.
-
Ракомет 28.01.2024 17:28
Шведска со бронзен медал на ЕП 2024
Шведска го освои бронзениот медал на Европското првенство во Германија откако во мечот за третото место славеше над домаќинот со 34-31.
-
Ракомет 25.01.2024 14:18
Познати полуфиналните двојки на Европското ракометно првенство
Формирани се двојките за полуфиналето на Европското ракометно првенство.
Во полуфиналето ќе играат: Франција – Шведска и Данска – Германија.
Првото место во Групата 1 го освои Франција, втора е Германија, следуваат Унгарија, Австрија, Исланд и Хрватска.








