Томислав Јагуриновски нема да биде дел од македонската ракометна репрезентација која ќе настапи на Европското првенство 2026 година.
Десниот бек ќе го прошушти евро-шампионатот поради повреда, информираа од репрезентативниот табор.
Томислав Јагуриновски нема да биде дел од македонската ракометна репрезентација која ќе настапи на Европското првенство 2026 година.
Десниот бек ќе го прошушти евро-шампионатот поради повреда, информираа од репрезентативниот табор.
Македонската ракометна репрезентација денеска ги продолжува подготовките за претстојното Европско првенство. Националниот тим во првата фаза тренираше во Скопје и Пореч, каде одигра и еден контролен дуел со Хрватска.
Македонската машка ракометна репрезентација вчеравечер претрпе пораз во контролниот дуел со Хрватска (подмладен состав) во Пореч со 26:23 (14:11). Ова беше првиот подготвителен дуел за македонските ракометари за Европското првенство 2026.
Машката македонска ракометна репрезентација денеска има собир за претстојните подготовки и настапот на Европското првенство 2026. Селекторот Кирил Лазаров повика 21 играч, а уште седум ракометари се на листата на резерви.
Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави денеска списокот на ракометари кои ќе им укаже шанса во подготовките за Европското првенство кое во јануари идната година ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.
Поранешниот македонски репрезентативец и член на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, синоќа беше приведен во полициска станица по натпреварот со Охрид на гостински терен.
РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека тренерот на екипата Рубен Гарабаја поднесе оставка од својата позиција и клубот ја прифати истата. Гарабаја заминува од Битола пред истекот на договорот и клубот наскоро ќе назначи негов наследник.
Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер вечерва претрпеа нов пораз во групата Б од Лигата на шампионите. Тие во дуелот од 10.коло загубија на гостувањето кај хрватскиот првак Загреб со 27:23.
Дерби дуелот од 11-то коло од ракометната Супер лига им припадна на ракометарите на Вардар, кој славеа победа со 34:28 против Алкалоид. „Вардарци“ ја продолжија серијата победи и ја „запишаа“ 11-та победа во Супер лигата, додека за Алкалоид ова беше прв лигашки пораз.
Македонската ракометна репрезентација оствари победа во првиот контролен дуел со Јапонија.