Младите македонски ракометни сили покажуваат дека се кадарни за собир на најдобрите во Европа, прво кадетите, па сега и младинците ја заверија потврдата.
Ракомет
Блог вести
-
Ракомет 07.04.2014 12:58
-
Ракомет 06.04.2014 23:09
Македонските јуниори на Европско, падна и Исланд во Скопје
И македонските јуниори влегоа во нашата ракометна бајка што се раскажува оваа сезона во Европа.
-
Ракомет 06.04.2014 14:40
Македонските јуниори преку Исланд до ЕП - Австрија
По триумфите над Италија и вчера против Грција, на избраниците на Зоран Петковски им е потребен и еден бод за теоретски да обезбедат нов голем настан, петти за нашиот јуниорски ракомет .
-
Ракомет 05.04.2014 21:57
Македонија ја прегази Грција
Македонските ракометни јуниори остварија секогаш сладок и посакуван триумф против врсниците од Грција. 30-22 е конечниот резултат можеби клучен за освојување на првото место што гарантира учество на Европскиот шампионат во Австрија летово. -
Ракомет 05.04.2014 11:53
Македонските надежи подготвени за триумф над Грција
Македонските ракометни јуниори денеска против традиционално лутиот риваал Грција ја бијат можеби решавачката битка за обезбедување прво место во квалификациската група за ЕП во Австрија летово.
-
Ракомет 04.04.2014 23:09
Македонските надежи отворија со триумф над Италија
Македонската младинска ракометна селекција до 20 години со победа од 24-22 против Италија го отвори квалификацискиот турнир за идното Европско првенство.
-
Ракомет 04.04.2014 13:16
Македонските надежи отвораат со Италија
Македонската младинска ракометна селекција до 20 години против Италија го отвора квалификацискиот турнир за идното Европско првенство. На патот до првото место кое единствено води на Шампионатот на Стариот континент во 7-та група во конкуренција се и Грција и Исланд.
-
Ракомет 04.04.2014 10:44
Отвораме денеска со Италија
Oд денеска македонските ракометни надежи до 20 години преку тридневниот скопски турнир во СРЦ Кале, ја отвораат и затвораат мисијата, пласман на Европски шампионат.
-
Ракомет 03.04.2014 19:30
Визија, Австрија
За тоа ќе биде потребно скопските квалификации од утре до недела во СРЦ Кале да ги завршат на првото место, бидејќи само тоа е виза за континенталното во Австрија од 24 јули до трети август годинава.
-
Ракомет 02.04.2014 14:54
Вардар vs Металург како за почеток и крај
Воведниот дуел се игра на теренот на Вардарци, последниот на металурзите. Предвидено е да се стартува на 9 април, но барањето на црвено-црните за одлагање на натпреварот поради настапот на фајнл-фор СЕХА завршницата, е прифатено.









