Штета од 1,5 милиони евра има Македонски железници Транспорт од блокадата, предизвикана од мигрантската криза. Железничкиот, и патнички и товарен сообраќај кон Грција е блокиран веќе 50 дена, што генерира загуби и за јавното претпријатие и за компаниите од земјава.
-
Економија 12.05.2016 16:18
-
Економија 12.05.2016 13:13
Помалку работа за македонските градежници во странство
Во првиот квартал годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2. 547.838.000 денари што е за 18,2 проценти помалку во споредба со истиот период лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
-
Економија 12.05.2016 12:15
Во првиот квартал бројот на туристи зголемен за 16,7%
Според последните податоци на Државниот завод за статистика, во периодот јануари- март 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16,7%. Кај домашните туристи има зголемување за 18,4%, а кај странските има зголемување за 15,8%.
-
Економија 12.05.2016 10:07
Зголемено земјоделско производство
Земјоделските површини во 2015-та се зголемени за 0,1 процент во споредба со претходната година.
Кај ораниците и бавчите за 0,4 кај овоштарниците за 3,6 и кај лозјата за 0,8 проценти.
Намалување пак е забележано кај ливадите од 0,8 до 0,1 отсто кај пасиштата.
-
Економија 11.05.2016 16:19
„Мериот“ ги отвори вратите за посетителите
По шест години, „Мериот“ ги отвори вратите за посетителите. Првите гости пристигнаа од Германија и Холандија. Инвеститорот вели дека ова е прв хотел на „Мериот“ од оваа категорија на Балканот, изградбата чинела 30 милиони евра.
-
Економија 11.05.2016 15:53
Состојбата со депозитите се нормализира
Сосотојбата во банкарскиот сектор се нормализира и граѓаните полека ги враќаат парите што ги повлекоа од штедните книшки во април, мотивирани од политичката криза и шпекулациите за наводна девалвација.
-
Економија 11.05.2016 15:39
„Силк роуд фонд“ ја презеде Алфа банка
Филијалата на грчката Алфа банка во земјава е продадена за 1,2 милиона евра на инвестицискиот фонд „Силк роуд“ со седиште во Швајцарија.
-
Економија 11.05.2016 13:06
Во април граѓаните повлекле 3,6 милијарди денари од банките
Политичката состојба влијае врз економијата во земјава. Во текот на април, граѓаните повлекле 3,6 милијарди денари од банкарските сметки. Дел од нив завршиле под перниците, а дел во банкарските сефови.
-
Економија 11.05.2016 12:57
„Мериот“ ги отвори вратите за посетителите
Хотелот „Мериот“ во центарот на Скопје, на плоштадот „Македонија“, ги отвора вратите за посетителите. Првите гости веќе пристигнаа. Сите се странци од Германија и Холандија.
-
Економија 11.05.2016 08:20
Банкарите ќе расправаат за актуелната состојба
Банкарите се загрижени за економската состојба во земјава поради актуелната политичка криза. Тие денеска со гувернерот на Народната банка, Димитар Богов ќе разговараат за тековните активности на банките.










