Народната банка на Република Македонија денеска ќе информира за платниот промет со странство.
Како што соопштија од НБРМ, гуверентот на Народната банка Димитар Богов ќе одржи средба со новинари на прашања поврзани со наведената тема.
Народната банка на Република Македонија денеска ќе информира за платниот промет со странство.
Како што соопштија од НБРМ, гуверентот на Народната банка Димитар Богов ќе одржи средба со новинари на прашања поврзани со наведената тема.
„Македонија е една од ретките земји која во време на криза воведе ниски даноци, ги поддржа домашните компании, вложи 174 милјарди денари во капитални инвестиции, се отворија 150 илјади работни места“- рече претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски на семинарот за младинските политики за просп
Стапката на раст на шесте земји од регионот на ЈИЕ лани била 7 пати поголема во однос на годината пред тоа, констатира Светска банка во Економскиот извештај. Македонија е со највисок економски раст во регионот од 3,7%, а ја следат Косово и Црна Гора.
Македонија доби графички регистар на градежно земјиште. Со него ќе се овозможи едноставен, брз и сигурен пристап во урбанистичката и планската документација, велат надлежните.
Македонија е со највисока стапка на раст во регионот, оцени Светска Банка. Солидниот раст бил движен од јавниот сектор и од извозот од странските директни инвестиции. Намалувањето на невработеноста се должи на преземените активни мерки за вработување.
Иако пред 10 години беше намалено ДДВ-то за пестициди од 18 на 5 проценти, земјоделците не почуствуваа никаква разлика.
Трговците не ја намалија цената иако во соседните земји истите препарати се поевтини.
Фабрика за преработка на тутун ќе никне во индустриската зона „Опалени“ во Крушево. Најголемата грчка компанија „Секе“ го потпиша договорот за земјиоштето во зоната. Инвестицијата од 5 милиони евра, почетно, ќе обезбеди работа за 250 до 300 работници.
Банките го контролираат одливот на финансии кон странство и имаат обрска секоја сомнителна трансакција да ја пријават во Агенцијата за спречување перење пари. Народната банка еднаш годишно врши темелни контроли.
Како спој на природата, културата, авантурата, малите бизниси од Полошкиот регион ги презентира своите производи во Скопје. Од традиционален производ, со иновација и промоција може да се создаде бренд, велат сопствениците на малите фирми.
Народна банка на Република Македонија денеска и утре во Скопје организира Петта меѓународна истражувачка конференција на тема: „Преносни ефекти од економскиот и финансискиот циклус, преиспитување на домашните и прекуграничните канали и одговорите на политиките“.