Во Македонија бројот на туристи во февруари годинава бил 32.467 што е 9,2 отсто повеќе во однос на истиот месец лани.
Според Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи е зголемен за 17,6, а бројот на странските за 4,9 проценти.
Во Македонија бројот на туристи во февруари годинава бил 32.467 што е 9,2 отсто повеќе во однос на истиот месец лани.
Според Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи е зголемен за 17,6, а бројот на странските за 4,9 проценти.
До крајниот рок за легализација на дивоградбите пристигнале 80.000 нови барања, вели ресорниот министер Мисајловски. Има доволно време општините да ја завршат работата оние кои што навреме ги поднеле барањата до крајот на 2017-тата ќе можат да го направата геодетскиот елаборат.
Утре во рамки на караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ ќе се одржи презентација во Гостивар, Тетово и во Кичево, соопшти Министерството за финансии.
Земјоделците ќе добијат 80 проценти субвенција од државата за систем капка по капка и ископување нови бунари, изјави претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски. Заинтересираните, апликациите треба да ги достават до октомви годинава, а исплатата треба да почне од јануари наредната година.
Народната банка на Република Македонија нема индиции ниту сознанија дека домашни фирми или банки на кој било начин биле вклучени во сомнителни трансакции објавени во Панамските документи.
Во февруари годинава се издадени 335 одобренија за градење што е за 48,2 процента повеќе во однос на февруари лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Народната банка на Република Македонија нема регистрирано незаконски финансиски трансакции кон и од странство- за ова брифираше гувернерот Димитар Богов, на денешната средба со новинарите.
Интензивно се гради новиот 110 киловолтен далновод кој треба да ги поврзе најголемите конзумни подрачја во земјава, Скопје и Тетово. Ќе минува преку 6 општини и ќе ги поврзува големите трансформаторски станици: Скопје 1, Југохром и Тетово 1.
Народната банка на Република Македонија денеска ќе информира за платниот промет со странство.
Како што соопштија од НБРМ, гуверентот на Народната банка Димитар Богов ќе одржи средба со новинари на прашања поврзани со наведената тема.
„Македонија е една од ретките земји која во време на криза воведе ниски даноци, ги поддржа домашните компании, вложи 174 милјарди денари во капитални инвестиции, се отворија 150 илјади работни места“- рече претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски на семинарот за младинските политики за просп