Новогодишните празници ќе ги минеме со поевтини нафтени деривати. Регулаторна ја намали цената на бензините за денар, а на дизелот за дури 3 денари. Најмногу- 3,5 денари поевтинува екстра лесното масло за домаќинство.
-
Економија 28.12.2015 16:25
-
Економија 28.12.2015 14:56
33 проценти од претприемачите се жени
33 проценти од претриемачите во земјава се жени. Македонија не отстапува од европскиот просек.
-
Економија 28.12.2015 14:48
Извршители: Прво предупредување за долгот, а потоа наплата
Наместо блокада на сметка, извршителот ќе ве контактира за да ви го наплати долгот.
-
Економија 28.12.2015 13:42
Раст на индустриското производство од 11,5% во ноември
Индустриското производство продолжува да расте. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во ноември годинава, споредено со ноември лани, пораснало за 11,5%.
-
Економија 28.12.2015 13:24
Нето платата во октомври 22.213 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2015 година во Македонија изнесувала 22.213 денари, што е зголемување за 2,3 отсто во однос на истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.
-
Економија 28.12.2015 12:57
Бензините поевтинуваат за еден, дизелот за три денари
Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за еден, а дизелот за три денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 61,50, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 63,50 денари.
-
Економија 28.12.2015 12:53
Пет странски компании заинтересирани за „Злетово“ и „Тораница“
Пет странски компании пројавиле интерес за преземање на рудниците „Злетово“ и „Тораница“. Станува збор за по една американска, руска, австралиско-канадска и англиска компанија како и еден американски инвестициски фонд, кои имаат искуство во менаџирање со рудници.
-
Економија 28.12.2015 11:18
НБРМ ги укина заштитните мерки кон Грција
По шест месеци, престануваат да важат посебните заштитни мерки кои македонската Народна банка ги донесе како одговор на грчката должничка криза.
-
Економија 28.12.2015 10:02
Субвенции за амбалажа на вино
Винарските визби кои извезувале флаширано вино во 2015 година ќе можат да поднесуваат барање за субвенционирање на трошоците направени за амбалажирање на виното.
Право за користење на овие средства имаат правните лица регистрирани како преработувачки капацитет за производство на вино.
-
Економија 25.12.2015 17:04
Од 1-ви јануари зголемување на минималната плата
Од први јануари ќе се зголеми минималната плата, од 9.590 денари на 10.080 денари. Нагорна корекција за околу илјада денари ќе има и во текстилната и во кожарската индустрија, кои со другите дејности треба да се изедначат до 2018-та година.










