Максимално искористување на потенцијалите со кои располага тиквешкиот регион за развој на туризмот и локалната економија е целта на новоформираниот Кластер за туризам што беше промовиран денеска во винаријата „Стоби“.
-
Економија 11.12.2015 14:16
-
Економија 11.12.2015 13:03
Стапката на невработеност намалена на 25,5% во третиот квартал
Пад на невработеноста на историски најниско ниво. Последните податоци на Државниот завод за статистика за третиот квартал од годинава покажаа ново намалување на стапката на невработеност на 25,5%.
-
Економија 11.12.2015 12:42
Седумнаесет проекти избрани на вториот повик на Фондот за иновации
Со вториот повик на Фондот за иновации избрани 17 проекти за финансирање. Со околу 300 илјади евра ќе се поддржат 10 старт- ап и спин- оф компании. За преостанатите 7 предлог проекти се обезбедени 600 илјади евра за комерцијализација на иновациите.
-
Економија 11.12.2015 11:01
Промоција на Кластерот за туризам на тиквешкиот регион
Приватниот сектор од тиквешкиот регион, со поддршка на Организацијата за индустриски развој на Обединетите Нации, и официјално ќе го промовира Кластерот за туризам.
-
Економија 11.12.2015 10:28
Под закуп понудени нови 880 хектари земјоделско земјиште
Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни и странски правни лица, а должината на закупот е од 15 до 70 години во зависност од културата што ќе се одгледува.
Правните лица треба да достават бизнис план, а физичките програма за користење на земјиштето.
-
Економија 10.12.2015 16:27
Ќе се гради далновод што ќе ги поврзува Македонија и Албанија
За три години ќе биде завршен енергетскиот коридор 8, со што регионот на Балканот преку Македонија, Албанија и Црна Гора, подморски ќе се поврзе со Италија. Проектот ќе овозможи сигурен пренос на електрична енергија меѓу земјите производители и потрошувачите во Југоисточна Европа.
-
Економија 10.12.2015 14:48
Издадени 326 одобренија за градење во октомври
Во октомври годинава се издадени 326 одобренија за градење, што е за 35,3 проценти повеќе во однос на октомври лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
-
Економија 10.12.2015 14:23
Редовна линија Скопје - Прага од мај идната година
Oд мај идната година повторно ќе биде воспоставена редовната авионска линија Скопје - Прага. „Чех ерлајнс“ од 20 мај ќе сообраќа на релацијата Скопје - Прага двапати неделно во понеделник и во петок, а од 13 јуни и секоја среда.
-
Економија 10.12.2015 14:07
Преквалификација: Бесплатни обуки за напредни ИТ вештини
270 невработени имаат можност да се преквалификуваат и да се вработат како ИТ- програмери и дизајнери. Сите заинтерсирани можат да бидат дел од обуката за која треба само да аплициаат во некој од Центрите за вработување.
-
Економија 10.12.2015 12:11
Инвестициските можности претставени во Ерусалим
Македонија за израелските компании претставува одлична влезна точка за освојување на европскиот пазар. Земјава направи значителен напредок во создавањето поволна бизнис – клима, рече пред инвеститорите од Ерусалим, премиерот Груевски.









