• Економија 17.07.2015 16:10

    Нови инвестиции- нови работни места во Кичево и Полог

    „Ки Сејфти Системс“ и американската Леар почнаа со реализација на инвестициските потфати. Првата ја гради фабриката во Кичево, втората го потпиша договорот.  Работници се ангажираат уште пред да почнат да функционираат новите фабрики во зоните.

  • Економија 17.07.2015 15:56

    Буџет: Приходите поголеми за 14%, државната каса во добра кондиција

    Буџетските приходи повисоки за 14 проценти во однос на истиот период лани, за 6 отсто прибрани пари повеќе од планираното. Според првиот финансиер, државната каса во првата половина од годинава е во добра кондиција.

  • Економија 17.07.2015 15:53

    Инфраструктура: Нови патишта за посилна економија

    60 проценти од градежните работи во втората фаза од изградбата на експресниот пат Велес- Кадрифаково се завршени. Во моментов градежниците работат на поставување на првиот слој на асфалт. Очекувањата се до крајот на идниот месец со асфалт да се покријат 8,9 километри.

  • Економија 17.07.2015 14:10

    Приходите во буџетот повисоки за 14%

    Проходите во државната каса натфрлиле за 14% процнти за првите шест месеци од годинава, во споредба со истиот период лани. За 6%, пак се прибрани пари повеќе од планираното. Сите финансиските параметри покажуваат дека државната каса во првата половина од годинава е во добра кондиција.

  • Економија 16.07.2015 19:05

    Усвоен ребалансот на Буџетот за 2015 година

    Владата го усвои ребалансот на буџетот за 2015. Буџетот во првата половина од годинава  е во добра кондиција. Буџетските приходи се подобри од очекувањата и подобри од планираните, рече вицепремиерот и министер за финансии Ставрески.

  • Економија 16.07.2015 16:44

    Американски „Леар“ ќе вложи 15 милиони евра во изградба на фабрика зоната во Тетово

    Набрзо од производствениот  погон на американската корпорација „Леар“ во Гостивар ќе бидат испорачани првите навлаки за автомобилски седишта што ќе бидат вградувани во некои од 300–те модели на возила на глобални автомобиски гиганти. Деловниот план е амбициозен.

  • Економија 16.07.2015 16:31

    Самовработување на лица со инвалидност

    Нова владина мерка за самовработување на лица со телесна попреченост. Од денес тие ќе може да аплицираат на огласот за да отворат сопствен бизнис. Финансиската поддршка преку грантови изнесува 490.000 денари.

  • Економија 16.07.2015 15:24

    НБРМ: Финансискиот сектор е стабилен

    Финансискиот сектор во земјава е стабилен. Активата на банкарскиот систем достигна 76,1 процент од БДП на земјава, заклучи Советот на Народната банка. Забрзан раст регистрира и капитално – финансираното пензиско осигурување и неговото учество во вкупната актива веќе достигна 7,3 проценти.

  • Економија 16.07.2015 14:31

    Промовирана програмата за самовработување на лицата со инвалидност

    Промовирана новата мерка за самовработување на лица со инвалидност. Владата дава финансиска помош од околу 490.000 денари за оние кои ќе сакаат да отворат сопствен бизнис и да станат самостојни и успешни лица. Огласот е објавен денес и ќе трае 30 дена.

  • Економија 16.07.2015 12:07

    Леар почнува со реализација на инвестицијата во полошкиот регион

    Нова инвестиција во земјава. Ќе биде ставен потпис на договорот со корпорацијата Леар, која е водечки глобален добавувач за автомобилски седишта и системи за електрична дистрибуција. Компанијата ќе отвори фабрика во зоната во Тетово, а објектот првично ќе биде лоциран во Гостивар.

Pages