Секој пазар е специфичен и потребно е компаниите да се прилагодат, но на сите ни е јасно дека поединечно сме премали за добивање подобра позиција при настап на странските пазари. Потребна е заедничка соработка и настап доколку сакаме да бидеме успешни.
-
Економија 01.10.2015 16:53
-
Економија 01.10.2015 16:38
Отворен првиот Бизнис симулатор во Македонија
Започна со работа првиот бизнис симулатор во земјата и регионот. Симулаторот треба да им овозможи на студентите активно да искусат реална бизнис околина преку професионално усовршување директно поставување на конкретна позиција,преку улога во симулиран бизнис процес.
-
Економија 01.10.2015 16:32
Се подобрува патната инфраструктура, ќе се гради патот Ранковце – Крива Паланка
Со 83 милиони евра од Светска Банка ќе се гради патот Ранковце – Крива Паланка и ќе се подобрува патната инфраструктура во земјава. Бордот на директори и одобри заем на Mакедонија. Градежните работи ќе траат 3 години, а патот треба да биде отворен за сообраќај кон крајот на 2019-та година.
-
Економија 01.10.2015 15:38
Ставрески: 83 милиони евра од Светска банка, ќе се гради Крива Паланка – Ранковце
Светска банка го одобри кредитот од 83 милиони евра за изградба на патот од Ранковце до Крива Паланка. Тендерот треба да биде објавен наскоро и напролет да почнат градежните работи, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при денешната посета на општина Росоман. -
Економија 01.10.2015 13:12
Досега откупени 90 милиони килограми грозје
Досега се откупени околу 90 милиони килограми грозје, односно 60 проценти од очекуваните 150 до 180 милиони килограми од годинашната реколта. Од Државниот инспекторат велат дека откупот се одвива согласно со планираната цена за квалиет.
-
Економија 01.10.2015 12:57
Македонската бизнис клима привлечна за американските инвеститори
Поволната бизнис клима во Македонија, презентирана пред бизнисмени од повеќе сектори во Њу Џерси.
-
Економија 01.10.2015 11:36
Вицепремиерот Ставрески во посета на Росоман
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска ќе престојува во посета на Росоман каде ќе изврши увид во реализацијата на неколку локални проекти и ќе оствари средби со жителите од околните населени места.
-
Економија 01.10.2015 10:08
Заем од Светска Банка: 83 милиони евра за надградба и развој на патишта
Бордот на директори на Светската Банка и одобри заем на Mакедонија од 83 милиони евра за надградба и развој на патишта. Со парите треба да се подобри транспортната поврзаност долж Коридорот 8, меѓу Скопје и Деве Баир.
-
Економија 30.09.2015 16:42
Инвестицискиот бран продолжува
Како што беше предходно беше најавено, за само месец и пол стартуваа со производство италијанската „Дијатек“, германската „Техникал текстаил“ и компанијата од Дубаи „Епл Ленд“ во Ресен. Германската ОДВ„Електрик“ и италијанската „Кондево“ започнаа со градба на фабриките.
-
Економија 30.09.2015 16:29
Успешен старт на новиот циклус на саеми за вработување
Преку 2.000 апликации невработените упатија до 40 компании на првиот саем за вработување годинава. Во Прилеп успешно почна новиот владин циклус да ги спои понудата и побарувачката на работа во земјава.









