Нова авиолинија Скопје-Женева со „Свис ер“. Нискобуџетната „Виз ер“, од јуни пак ќе оперира и до Барселона, Осло, Хамбург, Фридрихсхафен.
Од македонските аеродроми вкупно оперираат 12 авиопревозници, со летови до 26 европски дестинации и до Дубаи.
Нова авиолинија Скопје-Женева со „Свис ер“. Нискобуџетната „Виз ер“, од јуни пак ќе оперира и до Барселона, Осло, Хамбург, Фридрихсхафен.
Од македонските аеродроми вкупно оперираат 12 авиопревозници, со летови до 26 европски дестинации и до Дубаи.
Со погача, локум, ракија и охридскиот специјалитет- ѓомлезе, во Охрид беа дочекани данските туристи кои ја отворија туристичката сезона. Воодушевени од гостопримството на домаќините тие изразија надеж дека ќе поминат прекрасни и незаборавни мигови крај синото езеро.
Од ова лето поевтино ало од црногорските плажи. Паѓаат цените на роаминг и со Србија и Босна. Од 30- ти јуни минута ќе чини 17,9, порака 5,6 денари. За 73 насто пониски цени. За интернет сурферите енормно намалување. Наместо 370, еден мегабајт само 43 денари.
Наместо социјална помош, сигурна работа и плата. Новите мерки се шанса за многу невработени- велат од Сојузот на синдикатите. Првиот синдикалец вели дека со оваа мерка е надминат деценискиот проблем на невработеноста, заштитени се и повозрасните кои последната деценија седеле дома.
Од 30 јуни стапуваат на сила новите цени за роаминг – услуги со Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Минута разговор ќе чини 17,9 денари, СМС-порака 5,6 денари, а 1 МБ интернет ќе чини 43,2 денар.
Новинари, претставници на туристички агенции и тур-оператори од повеќе европски земји, од денеска до недела ќе престојуваат во Охрид.
Пред гостите од Турција, Русија, Словенија, Србија, Израел, Унгарија, Украина и Австрија, ќе бидат претставени туристичките потенцијали на градот.
Александра Петревска долги години била на листата на невработени стоматолози. Со помош на добра бизнис идеја го реализираше големиот сон. Со 3 илјади евра државни пари отворила орданиција, но неопходно било да вработи и стоматолошка сестра.
Со измените во Законот за трговија, кои се во подготовка, увоз и трговија со половни возила во иднина ќе може да вршат само правни и физички лица регистрирани за оваа дејност во Централниот регистар.
Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот реализира програма за промовирање на извозните потеницијали на домашните компании. Веќе има резултати и потпишани договори на македонски со унгарски компании, а ќе се подготвува и бизнис форум во Унгарија.
Во рамки на отворените денови, Aгенцијата за храна и ветеринарство во Прилеп ќе организира средба со граѓани и претставници на компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор.