Стигна првата реакција од ММФ. Шефицата на Фондот, Кристин Лагард, смета дека Македонија направила правилен чекор со одлуката предвреме да ги затвори обврските произлезени од кредитната линија за претпазливост, вредна 312 милиони долари.
-
Економија 03.03.2015 16:20
-
Економија 03.03.2015 15:37
Барселона: Со спојување на мобилните оператори до пониски цени
Во Барселона- Светски конгрес за мобилната технологија. Во фокусот стимулирање на иновациите. Акцент на политичките и регулаторни услови. Во Европа има 97 милиони оператори, ќе бидеме сведоци на спојување на голем дел од нив и мигрирање од еден на друг.
-
Економија 03.03.2015 15:17
Градежништвото ќе расте и оваа година!
Градежништвото и во 2015- тата ќе продолжи со позитивна стапка на раст. 600 милиони евра ќе бидат вложени за инфраструктура и за капитални проекти. Вицепремеирот Ставрески очекува градежниот бум да донесе и нови работни места.
-
Економија 03.03.2015 13:54
Мерките на државата го раздвижија градежништвото и пазарот на недвижности
Над три илјади станови со попуст се продаваат на Саемот за недвижности. На едно место градежници, банкари, компании. Поволности и со проектот „Купи куќа, купи стан“ преку кој дом обезбедија 500 семејстава.
-
Економија 03.03.2015 10:07
Над 300 компании ќе се претстават на саемот за градежништво
Над 300 компании во три саемски хали од денеска до 7 март ќе се претстават на 12 Меѓународен саем за градежништво, градежни материјали и градежна механизација. Во рамки на саемот во Метрополис Арената по петти пат ќе се одржи и Саемот за недвижности и инвестиции RealExpo.
-
Економија 02.03.2015 16:51
Поволности: Четири мерки за сопствен бизнис
Младите кои сакаат да почнат сопствен бизнис и компаниите кои ќе отвораат нови работни места, може да аплицираат во Aгенцијата за вработување за некоја од четирите мерки за кредитирање.
-
Економија 02.03.2015 16:19
Иновациски проекти за нови работни места
Како добриот изум да се претвори во успешна иновација. Компаниите и иноваторите ги слушнаа можностите за финансирање на иновативните проекти и искуствата од регионот. Поддршката од државниот Фонд за иновации треба да резултира со нови работни места и примена на нови технологии.
-
Економија 02.03.2015 15:59
„Џеваир Холдинг“ ги намалува цените на становите, во земјава гледа поволна инвестициска клима
Турската компанија „Џеваир Холдинг“ ќе ги намали цените на дел од становите во скопските облакодери. Со 800 евра за метар квадратен, наместо досегашните стартни 1.100 евра, странскиот инвеститор станува конкурентен на пазарот.
-
Економија 02.03.2015 13:51
Саем за градежништво и недвижнини од утре на Скопски саем
Од утре стартува саемот за градежништво во чиј состав ќе се одржи и Саемот за недвижности и за инвестиции „Риал експо 2015-та“.
-
Економија 02.03.2015 12:27
Финансиска помош за младите земјоделци
До 600 илјади денари финансиска поддршка има право секој млад земјоделец кој почнува сопствен бизнис.
Треба да има деловен план и да е индивидуален земјоделeц или трговец поединец не подолго од 18 месеци.










