Поради долг кон лозарите, четири винарски визби од кои 2 поголеми „Повардарие“ и „Аневски“ нема да вршат откуп од претстојната берба.
Причините за необезбедување пари се залихите, ниските цени и откажувањето на договорите за извоз.
Поради долг кон лозарите, четири винарски визби од кои 2 поголеми „Повардарие“ и „Аневски“ нема да вршат откуп од претстојната берба.
Причините за необезбедување пари се залихите, ниските цени и откажувањето на договорите за извоз.
Јехона Шабани Матранчи веќе четири години се занимава со организирање свечености. Најмногу работа има во лето, со доаѓањето на нашинците од странство. Во еден ден оранизира и по пет свадби.
Радожда, на локалниот струшки дијалект значи раѓање. Ова име и прилега на малата рибарска населба на крајниот запад од охридскиот брег, на самата граница со Албанија. Првите куќи се огледуваат во бистрите води на езерото кое токму овде е најбогато со риба.
Агенцијата за државни патиште продолжува со обновување на локалната патна инфраструктура во источна Македонија. Денес беше пуштен во употреба патот кон беровското село Ратево во должина од 1,7 километри, инвестиција од 6,7 милиони денари.
Современ аеродром, зголемени услуги и стабилно навигациско небо. Сето ова допринело бројот на патници на скопскиот аеродром да се зголеми, а со тоа и бројот на туристи кои ја посетуваат земјата.
Заврши изградбата на дополнителна трета лента во должина од 500 метри на патот Валандово-Струмица, на валндовско брдо. Со постоечката лента за спори возила во должина од 140 метри и дополнителните половина километар, се доби нова лента во должина од 640 метри и ширина од 3 метри.
Надлежните институции ќе ги казнуваат физичките лица кои на странски пазари тргуваат со хартии од вредност. На интернет се забележани голем број на платформи со понуди кои ветуваат добра и брза заработка.
Најдоцна до крајот на 2020-та, доколку бидат успешни јавните повици, ќе бидат гасифицирани сите 80 општини во земјава, независно дали преку националниот гасовод или пак со користење декомпресорски станици.
До крајот на септември годинава ќе биде објавен јавен повик за јавно- приватно партнерство за изградба и стопанисување со дистрибутивна и гасификациска мрежа во вториот и во третиот регион на земјава.