Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 23 јуни ќе престојува во работна посета на Црна Гора, каде што ќе учествува на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за развој на финансии – ЦЕФ.
-
Економија 20.06.2025 18:42
-
Економија 20.06.2025 13:58
Трет ден не работат блоковите во РЕК Битола, активно се работи на надминување на проблемот
Трет ден како не работи ниту еден од блоковите на најголемиот државен производител на струја, откако во средата се случи пожар во близина на ормарот за електрично управување на Блок 2.
-
Економија 20.06.2025 12:27
Дизелот повторно поскапува од полноќ
Цената на дизелот од полноќ се зголемува за дополнителни 2 денари и од утре ќе изнесува 72 денари.
Цената на бензините останува непроменета, односно ЕУРОСУПЕР 95 - 76 денари, и ЕУРОСУПЕР 98+ ќе се продава по цена од 78 денари по литар.
-
Економија 20.06.2025 10:05
Усвоен најновиот Квартален извештај со пролетните макроекономски проекции на Народната банка
Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај во чии рамки се вклучени и макроекономските проекции на Народната банка.
-
Економија 19.06.2025 18:09
Владата го усвои предлог-ребалансот на буџетот, инвестициите остануваат приоритет
Со ребалансот на буџетот за 2025-та нема да има промена кај клучните економски проекции. Останува проекцијата за економскиот раст од 3,7 проценти и инфлација од 2,8 отсто, што е зголемување од претходните 2,2.
-
Економија 19.06.2025 15:16
Од полноќ значително поскапува дизелот
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06% во однос на одлуката од 16.06.2025 година.
-
Економија 19.06.2025 14:30
Ребалансот на буџетот на седница на Влада
На седница на Влада денеска се разгледува ребалансот на Буџетот, најави премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на прашање каде ќе се крати и каде ќе има повеќе пари со новиот ребаланс.
-
Економија 19.06.2025 09:09
Вториот блок на РЕК Битола сè уште е исклучен
Вториот од трите блока на РЕК Битола сè уште е исклучен од електроенергетскиот систем, по активирање на заштитниот механизам.
-
Економија 18.06.2025 19:53
МЗШВ: Исплатени над 340 милиони денари субвенции за обележани грла говеда
Денеска се исплатени 341.536.000,00 денари кон 4.144 земјоделци, сооптуваат од Министерството.
Исплатата е извршена по основ на дополнителни директни плаќања за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
-
Економија 18.06.2025 16:01
Конфликтот меѓу Израел и Иран ќе има импликации врз економијата
Македонската економија можно е да биде погодена по конфликтот меѓу Израел и Иран, а тоа ќе се почувствува врз цената на нафтата, велат економистите. Секој потрес на глобалните берзи може да доведе до несакани ефекти.










