Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ги продолжи средбите со бизнис заедницата.
-
Економија 21.02.2025 15:40
-
Економија 21.02.2025 13:36
Ниска откупна цена на пченицата, висока на лебот
Производителите на пченица бараат да се намали цената на лебот. Потсетуваат дека Македонија е меѓу земјите со највисока цена на основниот прехранбен производ. Кои се аргументите на земјоделците?
Известува Елизабета Митреска.
-
Економија 21.02.2025 13:34
Власта на средба со компаниите од ССК
Стопанствениците денеска на средба со министерката за финансии. Законот за платни услуги и платни системи, како и унгарскиот заем ќе бидат теми на денешната средба меѓу претставниците на Министерството за финансии и Сојузот на стопански комори. -
Економија 21.02.2025 13:12
Граѓаните чекаат поевтини производи, трговците тактизираат
Одлуката за ограничување на маржите излезе во службен весник, но дел од трговците сè уште ги немаат намалено цените. Пазарните инспектори најавија дека секојдневно ќе бидат на терен и ќе вршат обиколка низ маркетите.
Каква е сликата во главниот град, известува Борис Грујоски.
-
Економија 21.02.2025 08:46
Комисијата за заштита на конкуренцијата откри картелско здружување на маркети
По извршениот ненајавен увид во 4 маркети и една Стопанска комора, Комисијата за заштита на конкуренцијата откри картелско здружување, односно договарање на цените.
-
Економија 21.02.2025 08:19
Субвенции во лозарството
Земјоделските стопанства што имаат површини под лозови насади и се регистрирани имаат право на 42.000 денари по хектар за сите лозја.
Услов е да имаат минимална површина од 0,2 хектара, со најмалку 1.390 садници, подигнати до пролетта 2024 година.
-
Економија 20.02.2025 16:35
Од денеска поевтинување на над 1.000 производи, владините одлуки стапија во сила
Вработените ги коригираат цените. Поевтинуваат над 1.000 производи, владините одлуки за ограничени профитни маржи и утврдена највисока цена стапија на сила.
-
Економија 20.02.2025 15:22
Земјоделците бараат поголема контрола на цените на земјоделска механизација
По контролите на маржите на основните прехранбени продукти, земјоделците со барање до надлежните да вршат контрола и на земјоделската механизација, која како што велат тие, пред секој повик од ИПАРД програмите, цените на овие машини преку ноќ растат.
-
Економија 20.02.2025 14:20
Министерката за финансии дојде на протестот на сметководителите
Сметководителите излегоа на протест пред Министерството за финансии. Се пожалија дека имале сериозни злоупотреби од консалтинг куќи кои им вршат задолжителни обуки.
-
Економија 20.02.2025 13:57
Минималната синдикална кошница во февруари достигна 63.773 денари
Минималната синдикална кошница за февруари изнесува 63.773 денари и е за 521 денар повисока отколку во јануари годинава кога беше 63.252 денари. Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, изнесува 79.148 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).










