Сѐ уште траат преговорите со банкарите за каматата на парите од унгарскиот заем за компаниите. Сите се согласни дека освен средства, за повисок економски раст на земјава ѝ се потребни структурни реформи.
Известува Борис Грујоски
Сѐ уште траат преговорите со банкарите за каматата на парите од унгарскиот заем за компаниите. Сите се согласни дека освен средства, за повисок економски раст на земјава ѝ се потребни структурни реформи.
Известува Борис Грујоски
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на свеченото одбележување на 30-годишнината од основањето на македонскиот национален комитет на CIGRE – МАКО СИГРЕ.
Во Клубот на пратеници денеска ќе се одржи Панел-дискусијата „Повеќе даночни приходи за побогато општество – перцепции и перспективи“.
Панел-дискусијата се одржува по повод Денот на даночните работници – „29-ти боември, Св. Матеј“, стои во соопштението од Управата за јавни приходи.
Одгледувачите на пчелни семејства, вклучени во селекција за производство на пчелни матици, можат да поднесуваат барања за дополнителни директни плаќања.
Нето платата во септември е зголемена за 9,8 проценти во споредба со истиот период лани, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Според статистичките податоци, во септември просечната исплатена нето-плата по вработен изнесувала 41.585 денари.
Годишниот раст на вкупните депозити во октомври изнесува 11%, а произлегува од зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства.
До 25-ти декември земјоделците може да се поднесат барања за финансиска поддршка за органските производи, нивните преработки, доработка, пакување и продажба.
Силна поддршка за капиталните проекти и унапредување на инфраструктурата, беа теми на средбата меѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и делегацијата од Европската банка за обнова и развој предводена од Матео Колањели, регионален директор на Банката за З
Уставниот суд поведе постапка за Законот за солидарен данок. Ова следува откако судиите ја разгледуваа иницијативата поднесена од Здружението за заштита од дискриминација, која оспорува член од Законот за нотаријатот. Дури 156 компании ја чекаат одлуката на Уставен.
Законот за солидарен данок на дневен ред на денешната седница на Уставниот суд. Подносителите на иницијативите тврдат дека е спротивен на Уставот и дека неговата ретроактивна примена ги нарушува правната сигурност и деловната политика на компаниите.