Уште денеска важи владината мерка за ограничена маржа на дел од основните прехранбени производи за 10 насто. Премиерот Мицкоски и министерот за економија и труд Дурмиши, најавија воведување поригорозни мерки ако дојде до зголемување на цените.
-
Економија 31.10.2024 08:21
-
Економија 30.10.2024 17:15
Експертите со поделени мислења за новиот Предлог- буџет
Предлог – буџетот е развоен и инвестициски, бидејќи инфраструктурните планови активираат лепеза на придружни гранки – вели професорот Пејковски. Додава дека планираните 800 милиони евра за капитални инвестиции ќе значат поголем раст и развој, а со тоа и подобар стандард.
-
Економија 30.10.2024 13:21
Рекордно висок буџет за 2025-та, ќе се потрошат 6,5 милијарди евра
Вчера Владата даде зелено светло за буџетот за идната година. Државата планира да потроши 6,5 милијарди евра, а во државната каса да собере 5,8 милијарди евра. Во новиот буџет се планирани капитални инвестиции, а пари се обезбедени за зголемување на платите и пензиите.
-
Економија 30.10.2024 07:55
Зголемени субвенции за јачмен
Со изменување на уредбата за директни плаќања за 2024 година, висината на поддршката за јачмен се зголемува од 6.000 на 12.000 денари по хектар.
-
Економија 29.10.2024 19:23
Предлог-буџетот за 2025 година го мина владиниот филтер
Вкупните приходи за 2025 година ќе изнесуваат 358 милијарди денари, пораст од 13 проценти во споредба со Буџетот за 2024 година. Расходите проектирани на 400 милијарди денари, зголемување од 10 насто во однос на претходната година. Предлог-буџетот за 2025 година го мина владиниот филтер.
-
Економија 29.10.2024 17:31
Сомнеж за злоупотреби во ФИТР, 60-ина компании под истрага
60-ина компании под истрага. Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој откри дека ревизијата, која сè уште трае, открила неправилности. Додов рече дека се откриени злоупотреби и од страна на 50 приватни здравствени установи, кои купувале медицинска опрема во ковид кризата.
-
Економија 29.10.2024 15:12
АД ЕСМ набавува електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал
Со цел обезбедување на вкупните потреби од електрична енергија за универзалниот снабдувач ЕВН Хоме, обезбедување на загубите во електродистрибуција и системските услуги за АД МЕПСО, како и оптимизација на производството и акумулациите, АД ЕСМ согласно објавен јавен оглас ќе изврши набавка на елек
-
Економија 29.10.2024 13:28
Развојни можности за македонската економија
Во Скопје денеска се одржува Бизнис-форум. Фокусот е на економскиот потенцијал и на развојните можности за Македонија.Какви се пораките кои досега беа испратени, известува Александра Велинова. -
Економија 29.10.2024 13:15
Предлог-буџетот за 2025-та година на владина седница
Предлог-буџетот за 2025-та година денеска е на владина седница. Власта уверува дека иако ќе биде развоен, нема да биде занемарена ниту социјалната компонента.
-
Економија 29.10.2024 12:43
Ревизија во ФИТР, 60 компании злоупотребиле средства преку фантомски проекти
Новиот директор на Фондот за иновации и технолошки развој, Никола Додов, тврди дека направените ревизии покажале оти 60-ина компании не ги исполниле условите и злоупотребиле средства преку фантомски проекти. Имало и фирми, поврзани со функционери.










