До 31-ви октомври пчеларите ќе може електронски да аплицираат за финансирање на набавка на пчелни матици и роеви од одобрени одгледувалишта.
Висината на финансиската поддршка изнесува најмногу до 600.000 денари по корисник.
До 31-ви октомври пчеларите ќе може електронски да аплицираат за финансирање на набавка на пчелни матици и роеви од одобрени одгледувалишта.
Висината на финансиската поддршка изнесува најмногу до 600.000 денари по корисник.
Европа ја очекува неизвесна зима. Поради случувања на Блискиот Исток и војната Русија Украина експертите прогнозираат нова енергетска криза, пораст на цените на енергенсите, течните горива на берзата и електричната енергија.
Министерството за финансии ги подготви, а Владата на последната седница ги усвои Фискалната стратегија за период 2025-2029 и Стратегијата за управување со јавен долг за 2025-2027 со изгледи до 2029 година.
Германски оператор планира, надвор од туристичката сезона да носи по 35.000 туристи во земјава. Земјава очекува милионски приливи.
Жените и покрај стручноста, ниту се конкурентни ниту доволно платени на пазарот на трудот како мажите, предупредува Македонка Димитрова, која претседава со форумот. Таа најави дека ќе поднесат иницијатива до законодавниот дом за воведување системски мерки за повеќе жени на раководни позиции.
Во Скопје денеска и утре ќе се одржува Економскиот форум на жени лидерки – Балкан 2024.
Преку електронскиот преглед на Платежната агенција, земјоделците можат да ги добијат потребните податоци за поднесените барања за субвенции, односно за одобрување, исплатен износ и датум на исплата и измени и дополнувања на дадените податоци.
Директорот на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија, Никола Мемов денеска имаше средба со мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во земјава, предводена од шефот на мисијата Анет Кјобе.
Бројот на работниците во индустријата од јануари до август годинава, во однос на истиот период лани, е зголемен за 1,4 проценти. Во август 2024, пак, во споредба со август претходната година, нивниот број е намален за 0,5 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
Нечовечки е 25.000 работници да примаат плата од 22.567 денари, вели првиот човек на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов. Тој укажува дека за да се покрие една синдикална минимална кошница се потребни три минимални плати.