Субвенциите се наменети за надомест на прифатливи трошоци за вршење на вештачки мрест, за обезбедување на порибителен материјал или за рехабилитација, доградба, надградба и опремување на постоечките мрестилишта за производство на репродуктивен и порибителен материјал во регистрираните репроцентри
-
Економија 13.05.2024 08:02
-
Економија 11.05.2024 13:10
Се очекува плодна туристичка сезона
На брегот на Охридското Езеро се очекува плодна туристичка сезона, прогнозираат експертите. На годишно ниво ќе има пораст на бројот на туристи за над 5%. Најбројни гости во Охрид пролетва се Турците, кои се дел од Балканските тури.
-
Економија 11.05.2024 10:50
Расте бројот на работници и извозот на компаниите во зоните
Компаниите во ТИРЗ во април оствариле извоз од 300 милиони евра што е за 8% во однос на истиот месец лани и 21% повеќе во однос на април 2022 година. Редовната анализа на ТИРЗ покажува дека во првите четири месеци од годинава извозот од Зоните е над 1 милијарда и 120 милиони евра.
-
Економија 10.05.2024 15:05
Бизнис секторот очекува повеќе инвестиции во енергетиката и инфраструктурата
Економијата да застане пред политиката, ветеното да се оствари, гласот на бизнисот да се слуша во креирање на политиките – прва задача за новата влада да биде забрзување на капиталните инвестиции, да се одбегне практиката да се пренасочуваат кон социјални трансфери.
-
Економија 10.05.2024 12:42
Финансиска помош од Европската комисија
Европската комисија обезбеди позајмици за Македонија во износ од 50 милиони евра, како прва транша од тековната операција за макрофинансиска помош за земјата.
-
Економија 10.05.2024 08:12
Во тек е јавен повик од ИПАРД 3
Преработувачите на земјоделските производи и задругите можат да аплицираат на новиот јавен повик од ИПАРД 3.
Огласот се однесува за поддршка на инвестициите во основни средства и за преработка и маркетинг на земјоделски и на производи од риба.
-
Економија 09.05.2024 18:12
Вратени старите цени на полисите за автоодговорност
Осигурителните компании денеска ги вратија старите цени на полисите за автоодговорност. Цената на полисата за автоодговорност е намалена 15,4 отсто, колку што беа зголемени на 24-ти април.
-
Економија 09.05.2024 08:52
Пари за подигнување на нови лозови и овошни насади
До 31-ви мај лозарите и овоштарите ќе можат да аплицираат за финансирање на нови насади како и за насади со ароматични и медоносни растенија подигнати во периодот од 1-ви мај до 31-ви декември 2023 година.
-
Економија 07.05.2024 21:00
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
Девизните резерви на крајот на април годинава изнесувале 4.329 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 41,9 милиони евра, соопшти Народна банка.
-
Економија 07.05.2024 14:38
ССК: Да се обесштетат граѓаните кои платиле повисоки цени за регистрација на возилата
Сојузот на стопанските комори апелира да се најде решение со кое би се обесштетеле граѓаните кои при регистрација ги осигураа возилата за цена повисока за 15 проценти.










