Ако сметките за струја се превисоки, граѓаните да пријават во Регулаторната комисија за енергетика. Министерот за економија Бектеши вели, цените во блоковите се транспарентно објавени, до први јули нема да има измена. Министерот најави и ваучери за инвертер-клими.
-
Економија 31.01.2024 13:41
-
Економија 31.01.2024 09:35
Утре започнува исплатата на јануарските пензии
Исплатата на јануарските пензии почнува утре. Покрај пензиите, пензионерите со пониски пензии сè уште добиваат дополнителна финансиска помош од 1.500 до 3.000 денари.
-
Економија 31.01.2024 08:45
Субвенции за проекти за патишта до нивите
Право на учество на јавниот повик имаат центрите за развој на планските региони. Субвенциите се однесуваат на проекти кои имаат за цел подобрување на пристапот до обработливите површини во подрачја со интензивна земјоделска дејност.
-
Економија 30.01.2024 15:49
Низа реакции за предлогот „пари во плик“ за сезонските работници
Бизнис-секторот не е консултиран за предлогот „пари во плик“ за ангажираните сезонски работници-законско решение што го подготвува Министерството за труд и социјална политика. Од Стопанската комора велат дека ќе ги почитуваат правата на работниците.
-
Економија 30.01.2024 10:56
МФ: Конзистентноста во политиките, напорите за фискална консолидација и економски раст потврдени од „Стандард и Пурс“
Нова потврда за конзистентноста на политиките на Владата за фискалната одржливост и перспективи за економски раст. РС Македонија го задржа кредитниот рејтинг ББ-со стабилен изглед од Агенцијата „Стандард и Пурс“ и покрај неповолните надворешни влијанија.
-
Економија 30.01.2024 08:53
Се очекува нов јавен повик од ИПАРД 3
Преработувачите на земјоделските производи чекаат нов јавен повик од ИПАРД 3 за поддршка на инвестициите во основни средства и за преработка и маркетинг на земјоделски и на производи од риба.
-
Економија 29.01.2024 12:36
Од полноќ повисока цена на бензините
Од полноќ цената на бензините повисока за денар и пол. Еуросупер БС-95 ќе чини 79,5 денари за литар,БС-98 ќе се продава по 81 и пол, а дизелот по 76,5 денари за литар.
Повисока цена и на екстра лесното масло за домаќинство. Ќе се продава за 76 денари.
-
Економија 29.01.2024 08:21
Нови и изменети мерки на земјоделските субвенции
За 2024-та година се најавува зголемување на субвенциите и воведување на нови мерки.
-
Економија 27.01.2024 10:21
Полни капацитети, Крушево атрактивно за туристите
Без разлика на снегот, Крушево одлично помина за празниците. Со преку 1.000 легла во хотелското и приватното сместување, туристичко и историско Крушево се соочи со недостиг од капацитети да одговори на барањата, главно на домашните, но и на странските туристи.
-
Економија 26.01.2024 13:18
Нов јавен повик на ФИТР – 5 милиони евра за поддршка на технолошкиот развој на домашните компании
Нов јавен повик на Фондот за иновации и технолошки развој наменет за микро, мали и средни претпријатија, со кој пет милиони евра се достапни за поддршка на технолошкиот развој на домашните компании и приватните здравствени установи, преку јавниот повик за „Ко-финансирани грантови за технолошки р










