Основните градежни материјали бележат раст на цените, а она што загрижува е неизвесниот крај на поскапувањата, алармираат градежниците. Токму затоа, и до крајот на годинава не очекуваат да поевтинат становите, туку напротив, или ќе останат како сега, или благо ќе поскапат.
-
Економија 20.03.2024 14:43
-
Економија 20.03.2024 08:32
Субвенции за пчеларство
Пчеларите кои имаат најмалку 10 пчелни сандаци ќе можат да добијат субвенции од по 600 денари за едно пчелно семејство. За земјоделските стопанства кои поседуваат над 50 регистрирани презимени пчелни семејства, висината на директните плаќања изнесува 800 денари.
-
Економија 19.03.2024 13:33
Увезен кадар во угостителскиот сектор
Во хотелско угостителскиот сектор на сезонска работа доаѓаат стотици увезени работници од Непал, Филипини, Индија и Малта. Соочени со недостиг на кадар хотелиерите велат се принудени да увезуваат работници. Известува Соња Рилковска.
-
Економија 19.03.2024 11:06
ТЕЦ Неготино нова подружница на АД ЕСМ
Согласно изготвената анализа за присоединување на АД ТЕЦ Неготино кон АД ЕСМ Скопје, утврдена е оправданоста од присоединувањето со што се овозможува поефикасно и економски поисплатливо искористување на производствениот капацитет на АД ТЕЦ Неготино, порационално
-
Економија 19.03.2024 08:19
Помош за плати на овчарите
За чување и пасење на овци, кози и говеда на ливади кои се наоѓаат на надморска височина повисока од 700 метри сточарите можат да добиваат субвенции од државата за зголемување на нивните плати.
-
Економија 18.03.2024 19:30
На полноќ поскапуваат бензините, а поевтинува дизелот
На полноќ поскапуваат бензините, а поевтинува дизелот. Цената на дизелот се намалува за половина денар и ќе се продава по 76 денари за литар. Бензинот еуросупер БС-95 поскапува за половина и ќе чини 83 за литар, а цената на еуросупер БС-98 се зголемува за денар и ќе чини 85,5 денари за литар.
-
Економија 18.03.2024 08:57
Субвенции за домашни раси на добиток
Со Програмата за поддршка на земјоделството и оваа година дополнителни субвенции од 2.000 денари следуваат за говедата од домашната расата Буша одгледувани до крајот на 2024 година. Стадото треба да има најмалку 5 глави добиток.
-
Економија 17.03.2024 10:53
Над 15.000 туристи од Холандија и Англија резервирале одмор на брегот на Охридското Езеро
Од средината на април започнуваат чартер летовите на охридскиот аеродром. Од месец мај и субвенционираните летови од Холандија и Англија. Тринаесет години по ред, Холанѓаните се најредовните туристи на брегот на Охридското Езеро. За нив тур операторите добиваат субвенции од 65 евра по лице.
-
Економија 16.03.2024 13:46
Работниците од азиските земји стартуваат од април
За плата од 350 до 550 евра месечно, зависно од позицијата во хотелско угостителскиот сектор ќе работат увезените работници од Непал, Филипини, Индија и Малта. На тоа дополнително добиваат, осигурување, сместување и еден оброк.
-
Економија 15.03.2024 19:03
Николовски: Наш главен фокус при креирањето на мерките се младите земјоделци и жените земјоделки
Младите земјоделци и жените земјоделки, сите овие години, од 2017 до денес, се во нашиот главен фокус при работењето на Министерството.










