Пократка работна недела за иста плата. Граѓаните сакаат да работат помалку денови, за да се попродуктивни, но велат дека кај нас, тоа е невозможна мисија.
Македонските газди засега не размислуваат да ја скратат работната недела.
Пократка работна недела за иста плата. Граѓаните сакаат да работат помалку денови, за да се попродуктивни, но велат дека кај нас, тоа е невозможна мисија.
Македонските газди засега не размислуваат да ја скратат работната недела.
Четири компании од енергетскиот сектор да добијат статус на стратешки инвеститори. Вакви предлог-закони се испратени во Собрание. Предвидено е вложување од над 800 милиони евра за изградба на капацитети за производство на струја и топлинска енергија.
Поради големиот број на пристигнати апликации, Министерството за економија донесе одлука, заклучно со крајот на денешниот ден 06.02.2024 година до 15.30 часот, да го затвори Јавниот оглас за доделување на потврда- ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди во домаќинства
Со 2 милијарди денари годинава ќе се субвенционира растителното производство, а со помал дел сточарството. Средствата се обезбедени од програмата за финансиска поддршка во земјоделството.
Становите дефинитивно нема да поевтинат. Најскапо се движи квадратот во центарот на Скопје кој веќе надмина 2.000 евра, а не се исклучува да оди нагоре, пред сè во строгиот центар на градот, велат градежниците. Помалите станови достигнуваат цена и до 2.500 евра за квадрат.
Новата година почна со големи сметки за струја, се жалат граѓаните. Иако беше најавено дека сметките ќе бидат пониски за оние што трошат помалку електрична енергија, потрошувачите велат дека сега поскапо плаќаат. Граѓаните жалбите ги испраќаат до Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а бензините и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јануари 2024 година.
Документите за финансирање на организирањето и одржувањето на саеми и на локални манифестации за промоција на земјоделски производи на објавениот огласот ќе можат да се поднесуваат заклучно до 26-ти февруари годинава.