Детергент за алишта до 1.500 денари, јајца 102 денари, млеко 60 денари, брашно 48 денари, зејтин 78 денари- ова се гарантираните цени што ги затекнавме во некои од маркетите.
-
Економија 02.01.2024 14:09
-
Економија 02.01.2024 09:10
Целосно искористени парите од ИПАРД 2
На последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата се пристигнати 58 барања за инвестиции од 8,8 милиони евра.
Според Министерството за земјоделство со нивната реализација веќе целосно се искористени средствата од претходниот фонд за претпристапна помош од Европската унија.
-
Економија 01.01.2024 09:20
Од денеска нова цена на струјата
Од денеска нова цена на струјата. Корисниците од првиот блок, кои имаат најмала потрошувачка, ќе плаќаат поевтина електрична енергија за 5,16 проценти, цената за вториот блок и евтината тарифа останува иста.
-
Економија 30.12.2023 16:56
Конкурс за нови 355 вработувања распиша државното претпријатие „Национални шуми“
Конкурс за нови 355 вработувања распиша државното претпријатие „Национални шуми“. Пред формирањето на техничката влада и ова претпријатие бара Албанец.
-
Економија 30.12.2023 13:09
Прилепското стопанство се опоравува од кризите
Прилепското стопанство смета дека, главно, ги надмина кризните ситуации, особено истакнати во првото полугодие од 2023-та година. Фокусот на стопанствениците за 2024 година е стабилизирањето на пазарот, на пласманот, и надминување на проблемот со недостиг од работна сила.
-
Економија 30.12.2023 09:02
Во Куманово кризите оставија последици во чевларството
Чевларите сè уште не можат да се справат со последиците коишто ги остави ковид пандемијата, а потоа и енергетската криза. Во Куманово секторот се соочува со намален број на вработени, бидејќи повеќето се иселија од државата. Се затворија и голем број фирми.
-
Економија 29.12.2023 18:27
Реализирана авансната исплата на субвенциите
Исполнивме уште еден даден збор пред земјоделците. Реализирана авансната исплата на 30% од основните субвенции за 2023 година. До сметките на 54.055 земјоделци исплатени се вкупно 752.192.865 денари, соопштуваат од Министерството за земјоделство.
-
Економија 29.12.2023 16:54
„Гласен Текстилец“ бара Владата да ја повлече препораката за работа за празниците
Продавници, киосци и штандови може да работат за време на новогодишните и божиќните празници – препорача Владата до работодавците.
-
Економија 29.12.2023 08:56
Привршува огласот за набавка на комбајни
Сите земјоделски стопанства кои имаат најмалку 10 хектари обработлива земјоделска површина под пченица, јачмен, р’ж, тритикале или овес, ќе можат да аплицираат за набавка на комбајни за жетва на житни култури.
-
Економија 28.12.2023 15:46
Доделени првите 13 договори од последниот јавен повик за ИПАРД 2 програмата
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски, денеска ги доделија првите 13 договори од последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата.










