Регулаторната комисија ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.
-
Економија 31.07.2023 13:15
-
Економија 31.07.2023 09:33
Во тек е исплатата на пензиите за месец јули
Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 31.07.2023 година (понеделник) започнува етапната исплата на пензиите за месец јули.
-
Економија 29.07.2023 10:06
МФ: Потврда за политиките од „Стандард и Пурс“ – економијата ќе се стабилизира
Економскиот раст во земјава на среден рок ќе се стабилизира, значаен импулс ќе даде приватната потрошувачка и инвестициите, вклучително и капиталните инвестиции.
-
Економија 28.07.2023 11:00
Деспотовски и Нобутани: Три нови иницијативи за економски раст
Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и Претседателот на Јапонската организација за надворешна трговија JETRO договорија три нови иницијативи за економски раст, базирани на соработка помеѓу македонската и јапонската економија и компании.
-
Економија 28.07.2023 08:27
Субвенции за задруги
Финансиска поддршка на задругите продолжува и во наредните 5 години. Ќе има и постојан систем за обука на менаџерите и техничка поддршка од иницијативите за основање се до почетокот на нивното редовно работење.
-
Економија 27.07.2023 18:09
По неколку часа, надминат е проблемот со платежните картички
Попладнево е надминат проблемот со картичките „Виза“ и „МастерКард“.
Информацијата ја потврди Македонската банкарска асоцијација, откако во текот на денов, граѓаните не можеа да извадат пари од банкомат или да платат преку терминал.
-
Економија 27.07.2023 17:42
За два денари поскапуваат бензините, дизелот и мазутот
Од полноќ цените на нафтените деривати се зголемуваат за два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната седница. РКЕ соопшти дека зголемувањето е последица на порастот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар.
-
Економија 27.07.2023 16:36
Парите на граѓаните на сметките во банките се безбедни и достапни во секој момент
Македонската банкарска асоцијација јави за проблеми со картичките „Виза“ и „Мастеркард“. Се жалат и граѓаните. Не може да извадат пари од банкомат или да платат преку терминал.
Оттаму уверуваат дека средствата на клиентите се безбедни и достапни во сите експозитури и филијали.
-
Економија 27.07.2023 15:59
Синдикатот на ЕСМ во интензивни преговори за покачување на платите на вработените
По основ на растот на животните трошоци, кои се објавени од Државниот завод за статистика, синдикатот на АД ЕСМ работи заедно со Управниот одбор на АД ЕСМ за дополнително зголемување на платата на сите вработени, велат од оваа институција.
-
Економија 27.07.2023 11:45
Бектеши: Сите граѓани треба да плаќаат струја колку што потрошиле
Министерството за економија ги повикува сите граѓани во државата редовно да си ги подмируваат обврските кои ги имаат кон енергетските компании.
Секој граѓанин кој се снабдува со електрична енергија во државата има обврска да плати за електрична енергија толку колку што потрошил.










