АД ЕСМ на 13.11.2022 година произведе 12.553 MWh електрична енергија. Во Термоелектраните произведени се 7.706 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 4.847 MWh.
-
Економија 14.11.2022 09:49
-
Економија 14.11.2022 08:40
Дополнителни пари за житните култури
Обезбедена е дополнителна мерка од 5.760 денари по хектар за производителите на житни култури кои имаат остварен род на еден или повеќе хектари со пченица, јачмен, ’рж, овес и сончоглед и кои ќе го предадат во домашните преработувачки или откупни капацитети.
-
Економија 13.11.2022 17:06
Нов протест на оризопроизводителите од Облешево
Жетвата на оризот заврши, но под голем знак прашалник е сеидбата на пролет, велат оризопроизводителите кои излегоа на протест, 12-ти по ред во последните 13 месеци. Главниот проблем е откупот на арпата, за која надлежните утврдија производна цена од 27, а во моментот се откупува за 25 денари.
-
Економија 13.11.2022 11:03
Куманово годинава ќе штеди на зимско одржување
Општина Куманово ќе штеди пари за зимско одржување, бидејќи преку долгорочно задолжување се обезбедени специјални возила.
-
Економија 12.11.2022 14:04
Обезбеден е гас за топланите Исток и Запад до крај на месецов
Обезбеден е гас за топланите Исток и Запад до крај на месецов, информира АД Електрани на Македонија. Потребните количини се набавени од Макпетрол по цена од 1.345 евра за илјада нормални кубни метри.
-
Економија 12.11.2022 13:49
Расте бројот на компании кои вложуваат во обновливи извори
Големите фирми инсталираат, бараат решение за скапата струја, малите пресметуваат. Граѓаните по првичната еуфорија, го обвинуваат нискиот стандард за вложување во обновливата енергија.
-
Економија 12.11.2022 13:00
Брегалничкиот регион со намалени приноси на мед
Годинава на истокот производството на мед е солидно само во низинските региони. Заради обилните врнежи приноси кај пчеларите во планинските региони скоро и да нема.
-
Економија 12.11.2022 12:44
Компаниите во Пелагонскиот регион под притисок на енергетската криза
Во битолската Регионална стопанска комора, конечно трошка надеж дека стопанството може да земи здив во Пелагонискиот или вториот по големина регион во земјава, кој учествува со околу 14 отсто во бруто домашниот производ.
-
Економија 11.11.2022 19:22
Потпишани договори за 29 развојни проекти во осумте плански региони
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, заедно со министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов и директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи денеска присуствуваа на потпишувањето на договорите за реализација на проектите за развој на планските региони со средства обезбедени
-
Економија 11.11.2022 15:16
Предлог за поддршка за социјала и пензионери
Предлог законот за финансиска поддршка на социјално ранливите категории на граѓани по скратена постапка пред Комисијата за финансирање и буџет.








