И, додека се чека одговор за снабдување со енергенси од турски Боташ, министерот за економија со став дека земјава нема проблем со природен гас. Предизвик е цената по која се нуди на домашниот пазар.
-
Економија 27.09.2022 14:38
-
Економија 27.09.2022 14:18
Ковачевски: Имаме план за справување со кризата
Ставање во функција на сите енергетски капацитети. Ова е планот на Владата за справување со енергетската криза. Во функција да бидат блок 3 во РЕК Битола, Тец Осломеј, како и ТЕЦ Неготино. Последава веќе почна да произведува струја.
-
Економија 27.09.2022 12:14
ССМ бара усогласување на платите со минималецот
Истекува законскиот рок од 6 месеци за усогласување на минималните плати во јавниот сектор. Во Сојузот на синдикати велат дека тоа веќе е направено во Јавните комунални претпријатија и во дел од општините, но не и во институциите на Владата.
-
Економија 27.09.2022 12:00
Владата утре треба да го обелодени пакетот антикризни мерки за енергетската криза
Според најавите, Владата утре треба да го обелодени пакетот антикризни мерки за енергетската криза. 10-те најголеми компании, кои трошат 20 насто од струјата со конкретни предлози за државна поддршка.
-
Економија 27.09.2022 07:51
Дополнителни субвенции за житните култури
Обезбедена е дополнителна мерка од 5.760 денари по хектар за производителите на житни култури кои имаат остварен род на еден или повеќе хектари со пченица, јачмен, ’рж, овес и сончоглед и кои ќе го предадат во домашните преработувачки или откупни капацитети.
-
Економија 26.09.2022 19:57
Земјава со помала продуктивност од регионот
Светска банка го претстави Извештајот за трговската конкурентност и за ефективноста на државната помош во земјава. Оттаму велат дека резултати имало, но оти е време да се преобмисли стратегијата, бидејќи се покажуваат слабости и повеќе нема толкави бенефити како во почетокот.
-
Економија 26.09.2022 15:26
Битиќи: Само заедно можеме напред од оваа криза
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска присуствуваше и се обрати на Бизнис форумот со Стопански комори на Република Северна Македонија и Република Хрватска.
-
Економија 26.09.2022 14:50
БЕГ: Немаме законска обврска, ниту можност да испорачуваме топлинска енергија
БЕГ најавува можност да ги смрзне скопјани. Компанијата којашто досега снабдуваше голем дел од граѓаните со топлинска енергија тврди дека нема ниту има законска обврска, ниту правна можност, ниту финансиска моќ да обезбеди парно греење.
-
Економија 26.09.2022 13:42
Од полноќ нови цени на горивата
Од полноќ, нови цени на горивата, реши регулаторна. ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за денар, а ЕУРОСУПЕР БС-95 за половина денар. Дизелот ќе поскапи за денар.
ЕУРОСУПЕРОТ БС-95 ќе се продава по 84 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 за 86 денари.
-
Економија 26.09.2022 10:47
Цената на нафтата продолжува да паѓа
Цените на нафтата денеска продолжија да паѓаат, втора сесија по ред, поради стравувањата од намалена побарувачка на гориво поради очекуваната глобална рецесија предизвикана од зголемувањето на светските каматни стапки и јакнењето на американскиот долар.









