Дебатата отворена, власта во обид да ја зајакне приходната страна во буџетот, бизнисот бара решенија како да ја преживее зимата и ударот од енергетската криза.
-
Економија 29.08.2022 14:42
-
Економија 29.08.2022 12:35
Дизелот поскапува за три денари, бензините за половина денар
Според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, дизелот повторно со драстичен скок на цената.
Од ноќеска на полноќ, дизел горивото поскапува за три денари и ќе се продава за 101,5 денари за литар, додека бензините поскапуваат за половина денар.
-
Економија 29.08.2022 11:13
Бесими: Потребни се промени во системот на јавни финансии
Владата работи на нов пакет на антикризни мерки во тесна координација со деловната заедница и сите општествени чинители за да се најдат најсоодвените решенија за поддршка на граѓаните и стопанството.
-
Економија 29.08.2022 09:51
Пријавување субвенции за земјоделски задруги
На огласот може да се пријават сите земјоделски задруги кои се регистрирани во регистарот на Министерството за земјоделство.
-
Економија 28.08.2022 16:30
Завршен хидросистем за наводнување
Брзо, стабилно и редовно наводнување на земјоделските површини треба да обезбеди новиот систем „Славишко поле“ во Општина Ранковце.
-
Економија 27.08.2022 14:44
ЕСМ продава ноќни вишоци на аукција, цените ги формира побарувачката во конкретниот период
АД ЕСМ продава ноќни вишоци на електрична енергија по пат на јавна аукција и наддавање од заинтересираните купувачи. За периодот 20.8.-26.8.20022 г продадени се 1750MWh по цена од 303 евра за мегаватчас.
-
Економија 27.08.2022 10:26
Поради кризата, ЈП „Водовод“ без струја
Објекти на јавното претпријатие „Водовод“ Куманово една седмица се без електрична енергија, поради како што велат надлежните енормното покачување на сметките. И покрај ваквата состојба, кумановци имаат вода, бидејќи функционира филтер станицата.
-
Економија 26.08.2022 17:12
Поскапува маслото за домаќинство ЕЛ-1, цените на бензините и мазутот непроменети
Малопродажните цени на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за 3,5 денари за литар, додека цените на бензините и мазутот остануваат исти, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
-
Економија 26.08.2022 16:50
Власта прави сè што може да го заштити бизнисот од ценовниот удар, тврди Бектеши
Владата на секој начин се трудела и ќе се труди да помогне на бизнис заедницата во услови на тешка енергетска криза, порача од РЕК Битола министерот Бектеши. Околу 72.000 мали компании во државата се на регулиран пазар на електрична енергија.
-
Економија 26.08.2022 15:23
Дополнителни два денари поддршка за лозарите
Лозарите ќе добијат уште два денари плус поддршка за секој килограм откупено грозје, додаток на цената на смедеревката која ќе се дава за 13, а вранецот за 15 денари. Ова е договорено на средбата меѓу претставници на Владата, лозарите и винарниците.










