Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја испитува одговорноста за стечајот на Еуростандард банка. Донесена е наредба за спроведување истрага против четири одговорни лица. Постои сомнение дека сториле кривично дело предизвикување стечај на банка и перење пари.
-
Економија 23.08.2022 13:25
-
Економија 23.08.2022 09:58
Расте откупната цена на грозјето, годинава за 30% повисоки цени за вранецот и смедеревката
Откупната цена на грозјето годинава бележи најголем пораст од 30 отсто. Оваа година грозјето од сортата смедеревка ќе се откупува по 13 денари за килограм, а откупната цена на вранецот ќе биде 15 денари за килограм, што е за 3 денари повеќе во споредба со ланските откупни цени на грозјето.
-
Економија 22.08.2022 15:57
Бесими: Инклузивноста и транспарентноста е најважна во процесот на дефинирање на крајните решенија
Експертската јавност денеска беше дел од серијата состаноци што Министерството за финансии ги организира во рамки на јавната дебата за даночната реформа.
-
Економија 22.08.2022 14:18
Повисокa ценa на горивата од полноќ
Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот и екстра лесното за денар и половина, мазутот поевтинува. Регулаторната комисија за енергетика направи нова пресметка.
-
Економија 22.08.2022 13:23
Бизнисот бара решение за цената на струјата
Во моментов нема поголем проблем за македонската економија од цената на струјата. Од Стопанската комора бараат владата да најде избалансирани решенија кои ќе му овозможат на бизнис секторот да преживее. Ако не се случи тоа, многу фирми ќе се затворат и ќе се изгубат голем број работни места.
-
Економија 22.08.2022 13:05
Зголемена наплатата на туристичка такса, но сè уште има затајувачи
Се зголемува наплатата на туристичка такса во Струга. За разлика од минатите години кога голем број хотели и приватни станодавци ја затајуваа оваа давачка, наплатата расте. Само лани од туристичка такса Струга инкасирала околу 60 илјади евра.
-
Економија 22.08.2022 09:57
Субвенции за органско производство
Со 154 милиони денари годинава ќе бидат субвенционирани органските производители на храна.
Најголемиот дел односно 68 милиони денари се наменети за органското сточарство, а 25 за растителното производство.
-
Економија 21.08.2022 17:05
Дел од лозарите сè уште не го наплатиле ланскиот род на грозје
Лозарите се жалат, дојде време на овогодишната берба а дел од нив уште ги немаат добиено парите од ланскиот род. Тие ги предале грозјето а парите уште не легнале на нивните сметки. Заради остарување на нивните права тие мораат да одат на суд и да плаќаат дополнителни трошоци.
-
Економија 20.08.2022 16:40
Протест на лозарите од Тиквешијата, причина ниските откупни цена на грозјето
Лозарите од Тиквешијата и Валандовско протестираа, а како причина ја наведоа ниската откупна цена на грозјето. Неколку часа беше блокиран излезот и влезот во Неготино од правец на автопатот од Скопје.
-
Економија 20.08.2022 12:47
„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија
Курсот на денарот е стабилен, а високо капитализираниот банкарски сектор оди во прилог на потврдата на кредитниот рејтинг на Македонија од агенцијата „Стандард и Пурс“, односно „бб минус“, со стабилен изглед.










