Со 90 милиони денари во 2022 година ќе се финансира порибувањето на езерата и реките и изградбата и реконструкцијата на рибниците.
Исто така субвенции ќе има и за пилот проекти, развој на нови пазари и за промотивни кампањи.
Со 90 милиони денари во 2022 година ќе се финансира порибувањето на езерата и реките и изградбата и реконструкцијата на рибниците.
Исто така субвенции ќе има и за пилот проекти, развој на нови пазари и за промотивни кампањи.
Конфликтот во Украина ги затекна инвеститорите. Во надолна линија е тргувањето на берзите, и регионално и локално. Се одвива во комплексни и сензитивни околности, вели првиот човек на македонската берза, Штериев. Инвеститорите се попретпазливи, но во вакви услови има можност за добри зделки.
Покачувањето на цената на нафтените деривати го вклучи алармот кај граѓаните, како да се изменаџираат ценовните шокови. Тасе Куновски, вели утрово со колегите ги разгледувале опциите како полесно да се помине економската криза. Ќе купуваат велосипеди, тротинети.
Нафтени деривати има, вчерашните гужви на бензинските пумпи претпладнево ги нема. Од полноќ бензините се поскапи за пет ипол денари, дизелот има повисока цена за 10 денари. Малопродажните цени се зголемени во просек за 10,21 насто.
Актуелната економска состојба во време на воената состојба во Украина, сериозните ризици и последици, нејзиното влијание и врз енергетската криза – во фокусот на состанокот во владата со членовите на Eкономскиот совет.
Ветеринарите подолго време бараат данокот за додадена вредност за нивните услуги да се намали од 18 на 5 проценти.
Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 10,21%. Цените на бензините се зголемуваат за 5,5 денари/литар, дизелот за 10 денари.
15.876 денари изнесувала просечната пензија на крај од 2021-ва. Во декември 2022-ра година, проекциите се дека просечната месечна пензија ќе биде околу 17.300 денари. Ова го истакна премиерот Ковачевски по конечниот договор со пензионерите.
Глобалната енергетска криза добива подлабоки димензии по руско-украинскиот конфликт. Берзанската цена на електричната енергија станува уште поголема ноќна мора. Од АД ЕСМ велат дека оваа и следната недела за увезен мегават час електрична енергија во пиковите ќе се плаќа над 400 евра.
Стоковите резерви се стабилни, Буџетот е ликвиден, а денеска на Седница на Економскиот совет заедно со надворешни експерти ќе се дискутира за сет мерки на кои веќе се работи, меѓу кои и мерки во делот на цената на електричната енергија, изјави министерот за финансии, Фатмир Бесими во телевизиско